петок, 13 ноември 2026
Најново

Курц: На Македонија да и се даде признание за заштитата на границата и да се обноват гаранциите за македонските евро-интеграции

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, во изјава за МИА, вели дека од конференцијата во Париз очекува на Македонија да и се оддаде признание за заштитата на границата со Грција, и да се обноват гаранциите за македонските евро-интеграции.– Македонија веќе прави се што е во нејзина моќ да ја заштити својата граница со Грција и да го запре напливот на илегални мигранти. Ние високо ги цениме овие напори. Мораме да сториме колку што е можно повеќе да и помогнеме на Македонија да ги заштити своите граници и да соработуваме со неа во борбата против трговците со луѓе. Исто така мораме да продолжиме и да обезбедуваме на Македонија кредибилна перспектива кон Европската Унија и да ја охрабриме да преземе натамошни политички и економски реформи. Овие натамошни реформи се од интерес како за ЕУ така и за македонските граѓани, изјави министерот Курц за МИА.
Австрија е еден од најголемите поддржувачи на Берлинскиот Процес за Балканот, кој германската канцеларка Ангела Меркел го започна во 2014 година. Австрија го организираше вториот состанок на балканските и европските лидери во Виена, на кој продолжија разговорите за подобрување на балканската инфраструктура со помош од ЕУ и за надминување на билатералните политички прашања. Во Париз денес почнува третата конференција од овој процес.
– Австрија целосно поддржува кредибилна перспектива за влез во Европската Унија за сите држави од западниот Балкан. Натамошното интегрирање во Европската Унија ќе донесе повеќе стабилност и просперитет во регионот, што е наш суштински интерес. Од тие причини, Австрија во 2015 година ја организираше конференцијата за Западниот Балкан како дел од Берлинскиот Процес. Нашата цел денес во Париз е да се надоврземе на напредокот од конференцијата во Виена и да постигнеме дополнителен напредок во областите како што е развојот на прекуграничната инфраструктура, економските реформи, соочувањето со мигрантската и бегалската криза и борбата против радикализацијата, изјави министерот Курц за МИА.– Македонија веќе прави се што е во нејзина моќ да ја заштити својата граница со Грција и да го запре напливот на илегални мигранти. Ние висо

Поврзани вести