Квентин Тарантино убил 563 лица

Американскиот режисер Квентин Тарантино, познат по бруталните сцени со убиства во своите филмови, често е критикуван токму поради големиот број на мртви лица во филмовите и начинот на кои тие убиваат.
Магазинот Венети Феир направи анализа на убиствата во филмовите на Тарантино и дојде до неверојатна бројка од 563 мртви лица кои се убиени на дури 18 различни начини. Најмногу убиени луѓе има во филмот „Неславни копилиња“  од 2009 година, каде беа убиени дури 396 ликови, а најмалку во филмот Џеки Браун – само 4. Начинот на кој најмногу луѓе умираат во неговите филмови е од експлозија и од огнено оружје.
Погледнете ја листата на филмовите на Тарантино и на бројот на убиени луѓе во нив: – Касапски кучиња (1992) – 11 убиства – Ефтини приказни (1994) – 7 убиства – Џеки Браун (1997) – 4 убиства – Убиј го Бил 1 (2003) – 62 убиства – Убиј го Бил 2 (2004) 13 убиства – Отпорно на смрт (2007) – 6 убиства – Неславни копилиња (2009) – 396 убиства – Џанго разузданиот (2012) – 64 убиства
Извор: vanity fairАмериканскиот режисер Квентин Тарантино, познат по бруталните сцени со убиства во своите филмови, често е критикуван токму поради големиот број на

Пронајдете не на следниве мрежи: