ЛДП се демантираше самата себе

Пред само една недела ЛДП беше загрижена за постигнатиот договор, а сега партијата вели дека целосно го поддржува. Ваквите недоследности во ставовите на опозициската партија се секојдневие за опзицискиот лидер Зоран Заев, кој постојано се демантира самиот себе.На 21-ви јули, ден откако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнаа договор, ЛДП преку соопштение  изрази загриженост од „недореченостите и нелогичностите во новиот договор што вчера го постигнаа преговарачите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино“.
ЛДП тогаш изрази особена загриженост од делот за функционирањето или “опстанокот“ на СЈО и реформите во медиумите.

-Изненадува фактот што со договорот не е предвидено формирање на специјално одделение во рамките на Кривичниот суд, со цел да овозможи непречена работа на СЈО. Евентуалното укинување на СЈО и повторното формирање отвора можност и за кадровски промени. Сметаме дека суштината на овој Договор мора да биде владењето на првото, процесуирање на сите предмети што СЈО ги отвори во изминатите месеци, судска завршница, односно одговорност за сите оние политичари што ги прекршиле законите и работеле на штета на граѓаните на Република Македонија.“ За ЛДП се нелогични и решенијата за регулација на медиумите, особено делот каде се посочува дека “четирите партии се обврзуваат да спроведат медиумска легислатива согласно итните реформски приоритети и Извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите“, стоеше во соопштението.

Една недела подоцна, ЛДП излегува со став дека го поддржува договорот и синоќа ја потврдиле нивната согласност за овој договор.
-Синоќа дел од законите ги поддржавме и со тоа ја потврдивме нашата согласност за овој договор. Од оправдани причини поради одовлекувањето на седницата не бевме во можност да останеме до самиот крај што незначи дека сме против некое решение, објаснуваат од ЛДП денеска.На 21-ви јули, ден откако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнаа договор, ЛДП преку соопштение  изрази загриженост од „недореченостите и нелог

Пронајдете не на следниве мрежи: