Ледената гробница исчезнува: Се топат Алпите и од гроб ги креваат паднатите борци

Речиси 100 години откако тие ги загубија своите животи во Првата светска војна, паднатите војници од жестоките алпски битки, чии тела благодарение на ниските температури – кои одат до -30 степени – се до скоро мирно почиваа во нивната ледена гробница во италијанските Алпи, во поново време повторно излегуваат на површина. Кога летото е топло, во Трентино во северна Италија уште од 2004 година на површина излегуваат војници кои загинале за време на борбата која се водела над три години, а во која тие загинале, смрзнале или загинале од глад над еден милион војници од двете страни.
Археолозите мораат веднаш да дејствуваат, бидејќи телата почнуваат да се распаѓаат брзо, а љубопитните туристи кои не може да му одолеат на искушението “да си земат некој сувенири”, носат по некоја од работите што починатите ги имале кај себе. Некои дури намерно одат на планина, за да понесат некој од овие морничави сувенири, кои потоа ги продаваат на интернет, а полицијата и форензичарите обично ги викаат само откако од труповите ќе се земе се што е вредно.

Сериозните научници, сепак, се обидуваат да стигнат до остатоците и предметите пред нив, за војниците, нивното оружје и работите да го добијат местото кое им припаѓа – на гробиштата, во историјата и во музеите.
Средби со одамна починатите понекогаш можат да бидат многу емотивни:
Последен пат, велат од мразот се извадени двајца италијански војници на возраст од само 16 и 18 години, застрелани во глава во 1918 и од неговите другари погребани во плитки гробови од мраз.
Материјалот од алпските битки историчарите го собираат од крајот на војната, но редовни наоди има уште од почетокот на 1990-тите години, а поради климатските промени тие се се почести и пообени. Покрај оружјето и воените предмети, собрани се и доста лични предмети како чанти, лажици, и многу облека и чевли, па дури и изненадувачки неоштетено писмо на еден паднат војник кој го напишал на својата љубена.Кога летото е топло, во Трентино во северна Италија уште од 2004 година на површина излегуваат војници кои загинале за време на борбата која се вод

Пронајдете не на следниве мрежи: