Легендата на светскиот фудбал едвај може да оди

За жал, фудбалот остави трага на моето здравје. Дадов повеќе отколку што можеше моето тело да поднесе и затоа денес ја плаќам цената, кажа легендарниот Габриел Батистута.Имам проблеми со одењето затоа што за фудбалот дадов повеќе отколку што требаше, открива легендарниот аргентински напаѓач, 48 годишниот Габриел Батистута.
Во своите играчки денови ги уништуваше противничките голамани во дресовите на Фиорентина, Рома и Аргентина, кариерата ја заврши во Ал-Араби, а денеска има здравствени проблеми затоа што играл и кога не требало. Инекциите како полесно би ја истрпел константната болка во нозете и да би бил на располагање на тимот и кога тоа не требало, го земале својот данок, Батистута денес едвај оди. 
-За жал, фудбалот остави трага на моето здравје. Дадов повеќе отколку што можеше моето тело да поднесе и затоа денес ја плаќам цената, вели Батистута.
А каков играч бил тој доволно говори податокот дека е втор најдобар стрелец на Аргентина во историјата, пред него е само Лео Меси. Батистута на 78 натпревари во дресот на Гаучосите даде 56 гола. Во Италија играше во времето кога Серија А беше убедлиов најпопуларна лига во светот, а тој беше еден од најдобрите играчи таму. После сите проблеми и не е чудна изјавата дека не сака да игра фудбал, туку игра затоа што тоа му е работа.
-Да, го го кажав тоа, но само за да се заштитан себе од медиумите и јавноста. Чим го кажав тоа престанаа да ме испрашуваат. Морате да знаете дека играв во Италија кога тоа беа сјајни времиња за фудбалерите. Секогаш бев под голем притисок, сите ми зборуваа само за фудбалот, а мене тоа ми беше ужасно досадно, раскажува Батистута, кој открива дека сега сепак се променил.
-Сега го сакам фудбалот, тактиката, тренинзите и се што се случува на теренот. Не бев таков додека бев помлад, но фудбалот низ годините стана моја страст, мој живот и воздух кој го вдишувам. Знаете, баш уживам во фудбалот, а воопшто и да не играм. Единствено што не сакам се интервјуата, низ насмевка вели легендарниот Аргентинец.
Неговите проблеми со болките не се новост, а пред неколку години откри дека во една прилика поради силни болки на докторите им рекол дури и да му ја ампутираат ногата. Батистута е опериран, лекарите му го намалиле притисокот на жилите по што состојбата делумно му се подобрила.
Денеска повторноп пати, болките не се такви какви што биле пред крајот кариерата, но и понатаму има проблеми и при обичното одење.
Имам проблеми со одењето затоа што за фудбалот дадов повеќе отколку што требаше, открива легендарниот аргентински напаѓач, 48 годишниот Габриел Бат

Пронајдете не на следниве мрежи: