Лејди Гага (28) гостувала во шоуто на Хауард Стерн, каде открила дека ја сулувал маж кој бил постар од нејзе 20 години. Тогаш имала само 19 години и ѝ требало многу време да закрепне од траумата.Лејди Гага открила дека била силувана како тинејџерка и дека морала да оди на терапија за да се опорави.
Пејачката, која гостувала во радиската емисија на Хауард Стерн, проговорила кога водителот ја прашал што значи нејзината песна „Swine“ (свиња).
Кога Хауард рекол дека песната алудира на сексуален напад, ја прашал дали некогаш била силувана.
„Поминав низ многу ужасни работи на кои сега можам да се смеам, бидејќи одев на терапии и се лечев со години. Тогаш не бев своја. Да бидам искрена, тогаш имав 19 години. Одев во католичко училиште, а кога се случи сето тоа, се прашував дали возрасните се навистина такви. Бев многу наивна“, рекла таа.
Кога денес би го сретнала својот силувач, таа повторно би се исплашила.
„Мислам дека тоа би ме препшлашило. Еднаш го видов во маркет и не можев да се помрднам од страв. Дури кога пораснав сфатив дека тоа е погрешно. Тој беше постар од мене 20 години. Јас бев дете“, вели таа.
По силувањето не кажала на никого од блиските, но подоцна побарала стручна помош. Лејди Гага открила дека била силувана како тинејџерка и дека морала да оди на терапија за да се опорави.
Пејачката, која гостувала во



