Лекарите апелираат: Внимавајте, прејадувањето и препивањето после постот можат да бидат опасни

 Граѓаните што го почитувале христијанскиот пост да внимаваат колку ќе јадат и пијат за празниците, предупредуваат и лекарите и нутриционистите.  Празниците не смеат да се искористат за да се надомести сето она што не се изело во претходните седум недели. Прекумерното јадење и пиење по пости може да бидат многу опасни за организмот, пишува „Нова Македонија“.-По постот внимателно треба да се внесуваат животинските продукти. Треба да се јаде по малку, повеќепати. Исто така многу треба да се внимава и со алкохолот. Во никој случај не смее да му се направи шок на организмот – советува д-р Андон Чибишев, токсиколог.
Петар Попоски, сертифициран нутриционист, вели дека Воскресението Христово, Велигден, е еден од најголемите православни христијански празници, а во последните години многумина се обидуваат да живеат живот во Христа.
-Почеток на сите тие подвизи е постот, кој, пак, е дел од трите основни верски постулати, пост, исповед и света тајна причест. Постот не е лесен. Од понеделник до петок се јаде храна без масло, сабота и недела со масло, на Цветници и Благовец риба. Православниот пост, покрај религиозниот аспект, може извонредно да помогне за здравствените перформанси, во насока на прочистување на телото од токсини, намалување на телесната тежина, холестеролот, прочистување на црниот дроб. Но најголемата грешка се прави на денот Велигден и деновите потоа, објаснува Попоски.
Луѓето, вели тој, овој празник го сфаќаат како семеен, наместо верски, и на денот Велигден прават гозби на кои се прејадуваат и препиваат. Тоа е огромна грешка и голем шок за организмот.
-Замислете на црниот дроб, кој 48 дена бил во редуктивен режим, сега одеднаш му давате за преработка месо, алкохол, јајца, слатки… Нашата внатрешна прочистителна станица одеднаш се става во висок режим на работа, работа што некогаш не може да ја заврши, а исто така го оптоваруваме панкреасот (може да дојде до акутен панкреатитис, што, пак, може да предизвика дури и смрт!), го оптоваруваме кардиоваскуларниот систем, предупредува Попоски.
Наместо тоа, на денот Велигден и првите денови потоа, тој советува да се изедат максимум по 2-3 јајца дневно.
-Немојте да консумирате повеќе од 100 грама месо и да пиете повеќе од два алкохолни или газирани пијалаци. За благото нека ви биде репер еден ред чоколадо. Пијте многу вода, таа докажано го намалува апетитот, објаснува Попоски.
Тој истакна дека мора организмот чекор по чекор да се навикне на новата исхрана за него.
-Со правилното внесување храна по пост ќе продолжите да му помагате на вашиот организам да работи правилно, да ја одржува или намалува телесната тежина, ќе се чувствувате полни со енергија, исто како за време на постот, додава Попоски.-По постот внимателно треба да се внесуваат животинските продукти. Треба да се јаде по малку, повеќепати. Исто така многу треба да се внимава и со

Пронајдете не на следниве мрежи: