Лепа Брена е воодушевена од снаата!

Фолк ѕвездата Лепа Брена е воодушевена што младата колешка Александра Пријовиќ со нејзиниот посинок Филип Живојиновиќ.Брена и Александра се доказ за тоа дека не мора да се верува во бапските верувања дека снаата и свекрвата се секогаш во лоши односи. Напротив, тие две поминуваат доста време заедно и многу добро се слогжуваат. Кога дознал дека неговата мајка и девојка се дружат, Филип им порачал:
– Внимавајте што правите, и не озборувајте ве молам!
– Од почетокот ја поддржувам нивната љубов, бидејќи сметам дека со срце се одбрале. Мислам дека не треба да им давам совети. Александра е прекрасна девојка, како и сите девојки на мојот син, таа ќе живее со него, што има јас да се мешам?! – кажува Брена и признава дека едвај чека таа да се врати од Америка, каде поминала две недели во посета на Филип.
– Многу ја засакав и таа таму ми купи крема против брчки, иако уште не ми ја подарила. Гледате ли колку е прекрасна? – се пофали свекрвата на идната снаа.
Брена признава дека не и се допаѓа што нејзините наследници на друштвените мрежи откриваат многу детали за приватниот живот, а и дека не и е лесно со четири мажи во куќа. Освен сопругот Бобо, тука се и синовите Филип, Стефан и Виктор, кој како најмлад и задава најмногу грижи.
– Следам се што прави Виктор на друштвените мрежи, не сум воодушевена со поставувањето на интимниот живот на профилите, но не знам како да го спречам во тоа. Денес сите деца сакаат да бидат јавни личности и едвај дочекале да бидат познати, само треба да научат дека постои разлика меѓу луѓе кои се познати и успешни и оние кои се само познати. Секој треба да го продава она што знае да го работи, а не само физичкиот изглед. И моите деца треба тоа да го научат. – вели строгата пејачка која тешко излегува на крај со толку мажи во куќа.
– Многу сум педантна и организирана, но тие оставаат хаос зад нив, како да паднала атомска бомба. Перфекционист сум, а тие водат опуштен живот, кој не подразмира ред. Секогаш ме нервира кога ќе видам неред, веројатно како и повеќето мајки – истакнува Брена.Брена и Александра се доказ за тоа дека не мора да се верува во бапските верувања дека снаата и свекрвата се секогаш во лоши односи. Напротив, тие

Пронајдете не на следниве мрежи: