Лепиткова: Сет мерки за спречување на загадувањето на воздухот, од страна на Владата

„Нечистиот воздух претставува  една од причините за поголем број заболувања на дишните патишта, на алергиски реакции и на некој други посериозни заболувања и од тие причини направивме стратегија за здравје и животна средина, со сет мерки, за спречување на загадувањето“, рече Соња Лепиткова државен секретар во Министерството за животна средина, на вчерашната Панел-дискусија на ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од повеќе дневен настан на партијата, на кој се презентираат мерките и проектите кои ВМРО-ДПМНЕ како водечка партија во Владата во изминатиов период ги реализираше, со цел подобрување на животот на граѓаните.На вчерашната дискусија под наслов  „За здрав живот“ се презентираа проектите кои ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период ги реализираше или најави со цел намалување на загаденоста на воздухот.
Лепиткова прво го елаборираше проектот за субвенционирање на греењето со пелети.
-Греењето претставува еден од најголемите причинители во зимските месеци, за зголемување на ПМ честичките и останатите загадувачки компоненти и од тие причини мерка која прва ја промовиравме беше замена супституција на печките за греење со печки за греење на пелети. 30,000 денари ќе добие секој граѓанин како субвенција, ако ја замени конвенционалната печка со модерна печка на пелети и не само тоа ќе има субвенции во набавка на материјалот, значи на самите пелети, за да се намали користењето на огревно дрво, а од друга страна ќе се намали и ДДВ-то од 18% на 5%, рече таа.
Лепиткова го продолжи своето обраќање со еден стратегиско важен проект за Р.Македонија, како што е примарната и секундарна гасификација.
-Меѓутоа една голема стратегиска мерка, која што државата ја применува на подолг рок ќе биде гасификацијата на Р.Македонија, исклучително скап проект , меѓутоа многу важен проект кој ќе овозможи гасот да стигне првично до сите граѓани на поголемите градови, а потоа и понатаму на секоја средина на Р.Македонија. Тој проект да се реализира ќе треба поголемо време. Тука тргнавме од нулта позиција, значи немаше никаква проектна документција за гасоводната примарна и секундарна мрежа, целокупната документација е направена и првиот крак Клечовце-Куманово-Штип веќе е изграден, пред два месеци беше пуштен, а исто така почна изградбата на кракот Штип-Неготино,  а за месец до два се очекува да почне изградбата на Кавадарци-Прилеп-Битола и понатаму Скопје-Тетово-Гостивар, тоа е како што реков еден од најскапите проекти. Првично ќе се гасифицира секој дом во Скопје и еден проект во источна Македонија и еден проект во западна Македонија, рече таа.
Дека Владата ги следи најновите светски трендови за заштита на животната средина, доказ е и проектот за субвенционирање на купување на електрични автомбили, кој Лепиткова дополнително го образложи.
-Многу важен проект кој ќе се имплементира од наредната година, тоа е проектот за набавка на електрични автомобили. Тука планираме да субвенционираме, ако автомобилот чини до 25,000 евра, по 3,500 евра субвенција намалување на ДДВ-то од 18% на 5 %, меѓутоа нешто што е посебно важно е дека граѓаните што ќе набават таков автомобил ќе бидат ослободени од плаќање на патарина во рок од 10 години, исто така ќе бидат ослободени од плаќање на паркинг во рок од 10 години, во било кој дел од Р.Македонија. Ќе имат и можности на самите паркинзи, понатаму и на бензинските пумпи да имаат брзи и бавни полначи, да можат автомобилот да го наполнат со електрична енергија, а од друга страна сите хотели со 4 и 5 ѕвездички исто така ќе имаат по два бавни полнача. Освен тоа и Јавните установи ќе можат да набават такви автомобили , ќе имат и бесплатна регистрација , односно делот кој што е за патишта нема да го плаќаат при регистрација, а ќе нема да плаќаат патарина и паркинг во нарендите 10 години. Кога ќе се пресмета тоа е навистина една важна мерка која ќе влијае на подобрување на квалитетот на воздухот, потенцира Лепиткова.
Еден од најголемите проекти, кој е насочен кон зачувување на животната средина и намалување на загаденоста на воздухот е проектот за набавка на 50 електрични автобуси за потребите на ЈСП во Скопје, во таа насока Владата на Р.Македонија ќе доделува и ваучери во вредност од 300 евра за такси службите за вградување на плински уреди во автомобилите на бензин, со цел намалување на загаденоста.На вчерашната дискусија под наслов  „За здрав живот“ се презентираа проектите кои ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период ги реализираше и

Пронајдете не на следниве мрежи: