Лесно и бесплатно: Како да се ослободите од потта и флеките под пазувите

Лето е, жешко е- се потиме, и на тоа не можеме да влијаеме. Оваа појава, иако е безопасна, на многумина им е неугодна, и им ги нарушува животот и секојдневието. Кај одредени личности сериозно ја нарушува самодовербата, бидејќи тие луѓе веруваат дека постојано некој ги гледа во пазувите.Ако се препознавте, на вистинското место сте. Ако заради оваа појава неволно ги кревате рацете во јавност, дури и кога штотуку сте излегле од дома, ви претставуваме неколку трикови заради кои веќе нема да се чувствувате потиштено.
Најпрво, се работи за хиперхидроза на пазувите, која може и медицински да се излечи со различни методи, но ви предлагаме да ги пробате овие трикови кои ќе ви ја вратат самодовербата.
-Масло од ким: Материјата што се добива од цедениот индиски ким делува против бактериите и габичките, и помага кај претераното потење. По туширање намачкајте се од прстите до рамениците, и секако, под пазувите.
-Зелен чај или чај од жалфија: Ќе престанете прекумерно да се потите и со самото пиење на овој чај, но исто така, можете и да се намачкате под пазувите, и со тоа да го спречите флекањето на облеката.
Слично е и со јаболковиот оцет: Тој делува како дезооранс, бидејќи ги уништува бактериите. Доволно е да ги избришете пазувите со крпа, што претходно сте ја натопиле со јаболков оцет.

-Дневни влошки за пазуви: Овој метод е најлесен од сите. Колку потенки, толку подобро. Се што треба да направите е да ја ја залепите влошката на внатрешниот дел од ракавот. Така ќе добиете бариера што ќе ги спречи пробивањето на потта и флеките на блузите.
Овие влошки најчесто се доволно тенки за да не се забележуваат, а имаат неверојатна моќ на апсорбција. Ќе ја впијат потта, а кожата и блузата ќе ве остават суви.
И не заборавајте: Кој и метод да го употребите, бањањето и дезодорансот се задолжителни.Ако се препознавте, на вистинското место сте. Ако заради оваа појава неволно ги кревате рацете во јавност, дури и кога штотуку сте излегле од дома,

Пронајдете не на следниве мрежи: