Гекон падобранец, риба со гениталии на главата и пештерски пајак кој ги загубил очите само се некои од 367-те нови животински видови кои се откриени во последните две години во широкото подрачје околу реката Меконг во југоисточна Азија, пренесува Светската фондација за природата (WWF).Овој регион, кој ги вклучува Виетнам, Камбоџа и Лаос, се смета за еден од петте светски центри за биодиверзитет каде и понатаму се појавуваат нови видови и покрај сечењето на шумите, илегалното тргување со диви животни и климатските промени.
Во извештајот „Мистериозниот Меконг“, издвоени се 15 нови видови меѓу кои се наоѓа и летачката верверица, која е откриена во 2013 година, кога за првпат е опишана по пронаоѓањето во една месарница во Лаос.
Еден од најинтересните новооткриени видови е и Хеленската летачка жаба, која е откриена на 100 километри од градот Хо Чи Мин во Виетнам.
Големата зелена жаба до неодамна успеваше да ги избегне биолозите, лизгајќи се низ крошните со помош на големите „мрежести“ раце и нозе, а се симнувала на земјата поради размножување во дождливите бари.
Пронајдена е во делот од шумите кои се опкружени со земјиште кое бара итна конзервација.
„Низиските тропски шуми се загрозени живеалишта поради човековиот притисок, како што се сечењето и деградацијата. Иако Хеленската летачка жаба штотуку е пронајдена, таа како и многуте други видови веќе е под закана поради брзото исчезнување на природното живеалиште“, рече доктор Томас Греј од Светската фондација за природа, кој е задолжен за подрачјето Меконг.Овој регион, кој ги вклучува Виетнам, Камбоџа и Лаос, се смета за еден од петте светски центри за биодиверзитет каде и понатаму се појавуваат нови
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.