Летна авантура – О, да!

Летото е во полн замав, температурите почнуваат сѐ повеќе да растат, расте и нашата желба за флертови, секс и воопшто топли искуства.Вистината е дека шансата да си најдете партнер во овие месеци е поголема, но и можете да се здобиете со искуства кои ќе ве топлат цела година.
Ви нудиме неколку совети за тоа како да си поминете максимално добро и да не бидете разочарани кон крајот на летото.
Поставете граници
Не е секогаш во почетокот јасно каква е намерата на човекот од другата страна, но ако тој е од друг град или држава, може да се погоди дека тоа ќе е само летна авантура. Поставете граници пред себе и не се плашете да велите точно што сакате – останатото ќе си дојде само.
Не очекувајте ништо
Најдобро е да имате нулта очекувања и само да знаете дека работите имаат рок на траење. Тогаш вие самите ќе се чувствувате добро и сè што ќе земете од авантурата се позитивните емоции. Тешко е да се остане емоционално необврзан, но ако научите да ги контолирате сопствените чувства, ќе бидете господар/ка на самите себе.
Прифатете го како надокнадување на загубеното време
Во останатото време од годината работите, заработувате пари, немате време за ништо и ретко си дозволите забава. Кога ќе дојде летото, сепак, можете да лежите на плажа и да видите кој поминува, да потемнувате и уште нешто. Искуствата нѐ формираат како луѓе.
На крај: Поставете прашање директно и не плашете се од директните одговори
Бидете храбри ако сакате да продолжите да бидете во контакт со предметот на вашите чувства. Се разбира, направете го тоа само ако гледате дека другата страна исто така е наклонета на тоа. Нема потреба непотребно да влегувате во филмови и да ја барате љубовта таму каде што ја нема. Истото се однесува и за можната врска – постои ли навистина шанса за неа, или не?Вистината е дека шансата да си најдете партнер во овие месеци е поголема, но и можете да се здобиете со искуства кои ќе ве топлат цела година.

Пронајдете не на следниве мрежи: