Летна книжевна авантура на „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска во Струга и Охрид

На пат околу светот со книга!Овој пат наша дестинација се Струга и Охрид, градот на поетите и градот на лебедите. Промотивната турнеа на книгата „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска, во издание на Силсонс – читателскиот клуб на Матица македонска, после Скопје, Велес, Тетово и Штип продолжува 80 милји околу Охридското езеро.
Аванурата почнува во Струга, на 24 јули, петок, во 20 часот на Летна Сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со нетипична промоција на книгата и интересен, концепциски разигран настан под наслов „Пулсот на времето во Аладиновата ламба на вистината“ на Ана Јовковска со Владимир Мартиновски, поет, професор и музичар и Билјана Тануровска – Ќулавковски, културен работник, истражувач и активист.

 
Настанот е дел од програмата на фестивалот за процесирање култура  „ДримОН“.  Другиот ден, 25 јули, сабота, исто така во 20 часот, Јовковска и промоторите ќе брануваат во Охрид, во едно од најубавите и најстарите кафулиња во градот – „Аквариус“. Ова е уште еден од низата креативни обиди на Јовковска за децентрализација на културата, како важен елемент за демократизација на општеството.
„Книжевната сцена е како ендемски вид кој треба да се негува. Денес луѓето одат со таблет и со мобилен телефон на плажа, наместо со книга. Битката меѓу книжевната сцена и поп-дигиталната култура е како битката меѓу Давид и Голијат. Затоа, култураната продукција мора да наоѓа креативни начини да допре до публиката и да ги дистрибуира книжевните производи до поширока публика и надвор од главниот град Скопје. Просторот е толкав колку што сами ќе го освоиме. Со мускули на вода или со бранови од мисли, но со книга во рака, се гледаме во Струга и Охрид“ – изјави Ана Јовковска.
Книгата „Пулсот и времето“ е културна меморија на едно време, интересна книжевна архива од интервјуа со јавни личности и огледало на секој од нас.
Рецензенти на книгата се Ферид Мухиќ, Елизабета Шелева, Венко Андоновски, Никола Ристановски, Дејан Дуковски и Александар Прокопиев.
Овој пат наша дестинација се Струга и Охрид, градот на поетите и градот на лебедите. Промотивната турнеа на книгата „Пулсот и времето“

Пронајдете не на следниве мрежи: