Левандовски на чекор до Манчестер Јунајтед

Роберт Левандовски, играчот на Борусија Дортмунд, дефинитивно ќе го напушти германскиот бундеслигаш од наредниот трансфер-период, а во трката за неговиот потпис, покрај Баерн Минхен, се вмеша и англискиот премиерлигаш, екипата на Манчестер Јунајтед.
Договорот на полскиот интернационалец од редовите на Борусија Дортмунд истекува на крајот од наредната сезона, а самиот играч ја одби можноста за продолжување на договорот.
Чезари Кучарски, агентот на Левандовски, го потврди интересот кој го покажале Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.
„Да, вистина е, разговарав со претставниците на овие два клуба“ изјави Кучарски.
Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат германските медиуми, се вели дека обештетувањето за Левандовски ќе чини околу 10 милиони евра.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Роберт Левандовски, играчот на Борусија Дортмунд, дефинитивно ќе го напушти германскиот бундеслигаш од наредниот транс

Пронајдете не на следниве мрежи: