Либеро бенд рушат рекорди на „Ју-туб“

Момците од Либеро бенд имаат нова песна и спот. Во петокот се одржа промоцијата на двете верзии на песната, македонската  „Твој сум“  и српската „Твој сам“.Песната е дело на Александар Цветковиќ, фронтменот на популарниот „Тропико“ бенд, кој ја направи музиката, најбараниот текстописец во Србија, Драган Брајовиќ – Браја, аранжанот е дело на нашиот и докажан, Валентино Скендеровски, а текстот за македонската верзија на Елвир Мекиќ.
На промоцијата присуствуваа голем број новинари, соработници, пријатели,а преку видео порака од САД, каде што е во моментов, гостите ги поздрави Сале од „Тропико“ бенд.
– Ова е само почеток на соработката со целиот тим кој стои позади овој наш голем проект. Имаме идеја и цел. Тргнавме кон нивното остварување. Благодарни сме на сите кои имаат свој удел во ова што го сработивме, но и за огромната подршка која ја добиваме. Допрва не чека сеуште работа со нови песни и спотови, велат момците од бендот.
Интересно е да се напомене дека само по 12 часа откако спотот беше поставен на „ју-туб“, српската верзија ја погледнале преку 30.000 луѓе.
 Песната е дело на Александар Цветковиќ, фронтменот на популарниот „Тропико“ бенд, кој ја направи музиката, најбараниот тексто

Пронајдете не на следниве мрежи: