Лицемерието на Тито Петковски пак на виделина

Понудата за заедничката прослава на Илинден во минатото за Тито Петковски беше непристоен предлог. Но сега се чини лицемерието ги смени работите. Сега Тито ПЕтковски молчи и чека привилегии.
Ваквиот, најблаго речено, непристоен предлог на поранешниот бугарски премиер Сргеј Станишев и експремиерот на Мaкедонија, Владо Бучковски за заедничко празнување на Илинден, разбирливо, предизвика многу негативни реакции во јавноста.
–Историчарите, интелектуалците, политичарите, новинарите, обичните граѓани…не можат да поверуваат дека вакво нешто може да прифати премиер на македонска влада. Станува збор за македонско востание како симбол на македонскиот непокор. Со овој гест тогаш Бучковски покажа дека нема слух за сопствената национална историја, за сопствениот идентитет и за сопствениот ентитет. Еве зошто велам дека на Бучковски му отапел слухот за сопствената национална историја кога предлага заедничка прослава на Илинден со Бугарија. Очигледно, тој го чувствува живиот песок под своите нозе во овој предизборен период, па ја губи сопствената историска, географска и политичка ориентација. Затоа нема да ме зачуди доколку од него слушнам и предлог за заедничка прослава на бугарскиот и на македонскиот народ на денот кога е потпишан Санстефанскиот мир. Што би значеле тие прослави за Република Македонија и за македонскиот народ, кажуваат историските податоци. А јас ,после се, не знам како да го разберам слоганот на Бучковски за парламентарните избори. Навистина не знам кој ќе оди напред, а кој назад – напиша тогаш Тито Петковски во колумна објавена во дневниот весник „Утрински весник“.

Ваквиот, најблаго речено, непристоен предлог на поранешниот б

Пронајдете не на следниве мрежи: