Лидерот на албанската дијаспора стои зад СДСМ: Заев е спасител на Албанците

Претседателот на албанската дијаспора од Македонија, Муса Љамалари, кој отворено се залага за федерализација на Македонија, во изјава за „Вечер“ вели дека лидерот на СДСМ Албанците го гледаат како спасител.– Зоран Заев, со проектот „Вистината за Македонија“ во многу области на албанското општество се гледа со восхит како спасител на Албанците од канџите на криминални групи и партии со латинични букви, мислам за партиите кои манипулирале во име на Албанците. Несомнено е дека Зоран Заев ќе ги преземе и албанските гласови, и покрај неговите стратегиски грешки со Албанците со кои соработува. Некои од нив биле со ДУИ и учествувале во неколку инциденти во џамиите. Сега како ќе гласаат, останува да се види по изборните резултати, вели за „Вечер“, Муса Љамалари, кој во јавноста се претставува под псевдонимот Тим Шкупи.
Љамалари тврди дека е сигурен оти Заев ќе освои многу албански гласови во сите изборни единици каде што има Албанци. Запрашан за изјавите на Заев за двојазичност и федерализација, тој додава дека и Никола Груевски ја имал шансата да стане херој на Албанците како што денеска е Зоран Заев.
– Ако Никола Груевски го направеше ова што денес го прави Зоран Заев со овој директен пристап до граѓаните Албанци, денес Македонија би била сосема поинаква. Албанците во Македонија имаа страв од Албанците што беа на власт или од тие партии што беа стратешки партнери на Никола Груевски.
Лидерот на Албанците од дијаспората неколку пати има остварено средби со лидерот на СДСМ. Околу неговата соработка со Заев, Љамалари вели дека лидерот на СДСМ по малку се плаши да има соработка со албанската дијаспора.
– Последен пат јас се сретнав со него во „Александар палас“ каде што бевме гости кај реисот на ИВЗ за бајрамската баклава. Заев не треба да се плаши од албанската дијаспора, туку треба да се плаши од некои групи што зборуваат албански и немаат ништо со Албанците и нивните интереси. Мислам тука на некои групи кои се позната како групи што пропагирааат лажен политички ислам во Македонија, вели Љамалари.
Љамалари е помеѓу првите јавни личности во Македонија кои јавно кажаа дека се залагаат за федерализација.
– Ние имаме барања, но ние сме дијаспора и не можеме да одлучуваме. Сите знаат дека јас сум за федерализација, се разбира, тоа не го кријам, имав средба со Заев, му ја искажав поддршката, а гледајте потоа, овие новите албански партии се приклучија на протестите – рече Љамалари.– Зоран Заев, со проектот „Вистината за Македонија“ во многу области на албанското општество се гледа со восхит како спасител на

Пронајдете не на следниве мрежи: