Линкови кои никогаш не треба да ги отворате!

Во неодамнешното истражување спроведено од MacAfee, компанија што се занимава со безбедноста на интернет, резултатите покажале дека во последно време се зголемил бројот на измамени жртви на интернет.Ова се најопасните начини што се користат за измама, пишува Huffington Post:
1. Непознати апликации за мобилни телефони
Пред неколку години повеќето измами на интернет се поврзуваа за имејлот, меѓутоа со развојот на смартфоните, хакерите вниманието го насочија кон нова област.
Нападите на апликации за Android смартфоните се во пораст, а меѓу најпопуларните се измамите со пораки што стигнуваат од „вашата банка“ или оние кои бараат пари за понова верзија на веќе постоечката апликација.
Друг начин на кој се користат мобилните е читањето податоци од веќе постоечките апликации. Затоа, немојте веднаш да кликате на било која апликација, без разлика колку примамливо изгледа.

 
2. Лажни службеници
Една од поновите измами е преку примањето имејл или текстуална порака од лица кои се претставуваат како вработени во големи и познати компании кои сакаат да ви помогнат да го спасите вашиот компјутер од вируси.
Со објаснувањето дека треба да кликнете на линк за да инженерите го поправат проблемот, хакерите сакаат да влезат во вашиот компјутер. Затоа, никогаш немојте да верувате на непознат контакт. Личните информации или инструкции преку интернет прифатите ги единствено ако вие сте го направиле првиот контакт со сервисот.
Повеќе на: GSM.mkОва се најопасните начини што се користат за измама, пишува Huffington Post:

Пронајдете не на следниве мрежи: