Лино Червар: Им се извинуваме на навивачите

Не беше пријатна прес-конференцијата по натпреварот со Кил и високиот пораз.Лино Червар: „Најпрво сакам да им честитам на сите од Кил кои со оваа голема победа докажаа дека се голема екипа. Само голема екипа како што е Кил може брзо да заборави пораз каков што тие претрпеа против Ловен. Тие беа гладни за победата, а тоа не беше случајот со нас. Искрено се надевам дека токму овој тим ќе слави во Лигата на шампионите оваа сезона. Во мое имe и во името на моите играчи сакам да им се извинам на навивачите. Знаеме дека можеме да играме подобро, можеби не толку подобро за да ги победиме, но поразително е тоа што бевме поразени и во борбата за секоја топка. Кил е поквалитетен тим, но обично понеквалитетните екипи се поборбени на теренот, што не беше случај денеска. Сепак, не би сакал овој пораз да го расипе впечатокот кој досега го оставивме во текот на аткуелната сезона“.
Златко Мојсовски: „Честитки до Кил за заслужената победа, нам ни останува во следните денови да видиме каде погрешивме и што се случи со борбеноста што не красеше во изминатиот период. Разочарани сме, знаеме дека ја разочаравме целокупната македонска јавност, ни останува само да ги анализираме грешките за истите да не ги повториме во иднина“.
Алфред Гисласон: „Првпат мој тим играше против најдобриот тренер во историјата, а мотивирани бевме и поради поразот пред три дена од Рајн Некар Левен, во Бундес-лигата. Одбраната ни беше на високо ниво, исто и голманот Сјостранд, кој играше повреден. Многу сум среќен денеска и се надевам на слична игра во реваншот”.
Марко Вујин: „Сакам да му честитам на Металург на одличното издание во текот на целата сезона. Ова што се случува во Македонија е прекрасно за ракометот на Балканот. Она што го прави Металург, исто така и Вардар, тоа е навистина феноменално за овој спорт во регионот. Што се однесува до денешниот меч, мислам дека одигравме многу добро, успеавме да го реализираме она што се бараше од нас пред натпреварот. Беше прекрасно да се игра пред оваа одлична публика“.
РК МеталургЛино Червар: „Најпрво сакам да им честитам на сите од Кил кои со оваа голема победа докажаа дека се голема екипа. Само голема екипа како

Пронајдете не на следниве мрежи: