четврток, 12 ноември 2026
Најново

Листата на спортисти што заработија најмногу во 2013 година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот магазин Forbes, ја објави листата на спортисти кои имале најголема заработувачка во 2013 година. Прв на листата е голф играчот, Тајгер Вудс, кој во 2013 година заработил 78 милиони долари.Американецот заработил 13 милиони долари на турнирите, а дури 65 милиони долари инкасирал од разни маркетиншки активности.
Интересно, најдобриот голф играч во светот пред три години поради вонбрачната афера и скандалите што потоа следуваа остана без поголемиот број од спонзорите. Тогаш, тој привремено се повлече, а откако критичарите се смирија, Вудс се врати на терените и продолжи да заработува исто како и пред аферата. Тајгер Вудс е првиот спортист кој заработил преку една милијарда долари.
Втор на листата е тенисерот Роџер Федерер, кој заработил 71,5 милиони долари. Федерер на турнирите заработил 6,5 милиони долари, а 65 милиони долари од реклами.
 Третото и четвртото место е резервирано за НБА ѕвездите, Коби Брајант (62 милиони долари) и Леброн Џејмс (60 милиони долари).
Зад нив следуваат играчите во НФЛ, Дру Бриз (51 милиони  долари) и Арон Родригез (49 милиони долари). Во Топ 10 уште се наоѓаат голферот Фил Микелсон (48,7 милиони  долари), поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (47,2 милиони  долари) и фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо (44 милиони  долари) и Лионел Меси (41 милиони  долари).
На листата меѓу најдобрите 100 има само две жени, тенисерките Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Шарапова се наоѓа на 22-то место, таа во годината која изминува заработила 29 милиони долари, додека Серена со заработени 20,5 милиони долари се наоѓа на 68-то место.
Инаку, најбрзиот човек на светот Усеин Болт е на 40-то место со заработка од 24,2 милиони долари, додека Фернандо Алонсо е најплатениот пилот во Формула 1. Шпанецот со заработени 30 милиони долари се наоѓа на 19-то место.
Извор: kajgana.comАмериканецот заработил 13 милиони долари на турнирите, а дури 65 милиони долари инкасирал од разни маркетиншки активности.
Интересно, најдо

Поврзани вести