Љубител сте на пиво? – Ова се најдобрите дестинации за вас!

Најпознатиот светски собир на љубителите на пивото – баварскиот Октоберфест веќе се ближи кон својот крај, но ако веќе сте го посетиле овој фестивал на пивото и колбасите, или се најдете во друг крај на светот, не заборавајте дека вакви слични октомвриски забави има и на други интересни места.Така на пример, во бразилскиот град Блуменау, поранешна германска колонија, се’ освен самбата потсетува на Баварија. Тешко е да се поверува дека во срцето на Јужна Америка се наоѓаат пивопијци во алпски традиционални носии. Меѓутоа, се’ започнало после поплавите во 1983 кога Германците започнале да организираат традиционална забава по испробан рецепт која се претвори во втор Октоберфест.
И Американците си имаат свој фестивал. Great American Beer Festival во Денвер ги собира на едно место претставниците од повеќе од 500 пивници во САД. Повеќе од 50 илјади посетители имаат тешка задача да одберат помеѓу 2.000 различни видови пиво. На фестивалот се претставуваат и т.н. куќни производители – ентузијасти кои во своите домови експериментираат со пивскиот вкус и арома. Помали вакви фестивали има во Синсинати, каде живеат доста Германци, и во Едисон, Тексас.

 

Во Австралија фановите на пивото секој октомври се собираат во најстариот и најпрочуен австралиски затвор за да учествуваат во Bitter and Twisted Beer Festival. Организаторите на гостите им даваат часови по правење пиво и има многу храна и музика од разни делови на светот. Центар на пивопијците на „црниот континент“ е Дурбанвил во Јужна Африка. Иако е од понов датум, тамошниот Beer Fest нуди забава за целото семејство, секако со добро пиво.
Што се однесува до Европа, можеби ќе ве зачуди тоа што иако Октоберфест е најпознатиот, сепак не е и најстариот ваков фестивал. Тоа е Фрајмаркт во Бремен, кој се одржува дури од 1035 година.
Овој скоро едномилениумски фестивал пружа весела и опуштена атмосфера, а за време на негово одржување целиот град се претвора во голема улична забава. Секоја година го посетуваат околу 4 милиони луѓе, а се слави цели 17 дена кон крајот на октомври.

 

Треба да се спомене и градот Бамберг во Горна Франконија, крај кој се смета за срцето на германското производство на пиво. Овде се произведуваат стотина врсти, а само на една улица работат пет познати пивари. Познато е и ривалството меѓу соседните Келн и Дизелдорф, за тоа чие пиво е подобро. Во Дизелдорф има дури по 260 пивници на еден квадратен километар.
Овој месец се одржува и Pint Bokbier фестивалот во Амстердам, совршен за оние кои сакаат да уживаат во малку појако пиво и жива музика. Т.н. „bokbier“ е потемен и појак вид пиво, со шест до девет проценти алкохол. Повеќето холандски пивници, пред се’ Хајнекен и Амстел, за оваа прилика произведуваат барем по една врста „bokbier“. Учествуваат и конкуренти од Белгија и Германија.
Извор: Think.mkТака на пример, во бразилскиот град Блуменау, поранешна германска колонија, се’ освен самбата п

Пронајдете не на следниве мрежи: