Откако беше ослободен од сомнежите и пуштен од притвор, сопругот на брутално убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, Зоран Марјановиќ, ја отвори душата и откри како се запознал со Јелена. Тие биле во брак повеќе од 5 години.„Јелена и јас сме заедно од 2002 или 2003 година, а во брак сме нешто повеќе од пет години. Се запознавме во музиќко студио. Таа дојде да правиме аранжмани, песни за нејзиниот нов проект. Беше исклучително талентирана пејачка. Тоа беше љубов на прв поглед“ – рекол Зоран.
Тој открил дека Јелена го освоила со племенитоста и скромноста.
„Јелена ме освои со својата чистота, емоции, несебичноста. Кога се роди Јана, често ми велеше:`Јас сум како твое трето дете`. Затоа што беше детинеста, а јас ја негував, чував, внимавав на неа, насочував, бидјеќи сум пет години постар од неа. Мојот син Урош ја прифати како мајка. Јелена не правеше никаква разлика помеѓу него и Јана. Урош учи да биде готвач. Секогаш кога ќе станеше, таа му ја пеглаше униформата кога одеше на пракса. Се радуваше на секој негов успех, на сѐ. Едноставно, таа нејзина емоција не можеше никако да се прикрие и тоа сите можеа да го видат“ – изјавил сопругот и додал дека тој и Јелена била многу слични…
„Двајцата сме скромни, без претерани амбиции, не придаваме важност на материјалниот свет. Врзани сме за семејството, за домот. Многу малку излегувавме, само кога таа требаше да настапува. Буквално во сѐ бевме заедно. Ќе ви го кажам и ова. Одевме заедно на море, два пати. Таа никогаш пред тоа не одеше на море“ – вели Марјановиќ, кој бил погоден од приказните дека тој е виновен за убиството на сопругата.
„Ме боли така што се зборуваше. Верувајте дека тоа се небулози. Секогаш се наметнува прашањето зошто лошите работи им се случуваат на добри луѓе, а и обратно. Јас спијам со нејзината слика и таа е тука со мене. Бевме многу блиски. Дури и кога спиевме, а таа ќе почувствуваше дека сум на другата страна, во сон се вртеше и се припиваше до мене“ – низ солзи раскажал сопругот.„Јелена и јас сме заедно од 2002 или 2003 година, а во брак сме нешто повеќе од пет години. Се запознавме во музиќко студио. Таа дојде да пра



