Љупчо Георгиевски и грчкиот претседател со исти ставови

Љупчо Георгиевски кој е на чело на ВМРО-НП ги дели своите ставови со грчкиот претседател. 
Во соопштението до јавноста од страна на неговата партија кое беше испратено пред седум дена, се вели дека нешто не е во ред со македонското општество и дека треба да се преиспита македонизмот. 
„Овој доблесен чин само конечно ни потврдува дека нешто не е во ред со македонското општество, и дека сериозно треба да го преиспитаме таканаречениот македонизам, и да ги прифатиме и примениме принципите на демократијата кон која се стремиме“, стои во соопштението од ВМРО-НП.
Овој став на ВМРО-НП беше идентичен со ставовите на радикалните струи во Софија, но по се изгледа е на иста релација и со официјална Атина. За тоа потврда дава и интервјуто на грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој за српска „Политика“ изјави:
„Се додека Скопје инсистира на идеологијата на Македонизмот вратите на НАТО за нив ќе останат затворени, а нивната европска интеграција замрзната“.
Со вакви изјави партијата само предизвикува опасност во насока на загрозување на идентитетот на македонските граѓани во земјата. Вакви изјави среќаваме доста често од страна на партијата на Љупчо Георгиевски. 
ВМРО-НП, сепак е партија која се наоѓа во коалиција со СДСМ, коалиција која што ја потврдија пред некој ден, и ниту еден од нејзините коалициони партнери не се огласи со осуда за преиспитување на македонизмот. Дали ставот на ВМРО-НП беше пробен балон кој се пушти во јавноста да се види дали и како таа ќе реагира, дали се работи за координирана изјава или е чиста случајност останува да се види.
Ваквите идентични изјави кои доаѓаат од македонска партија која функционира веќе десет години и ја води поранешен премиер на Македонија и изјави кои доаѓаат од претседател на Грција треба и мора да бидат сфатени како сериозна порака која Грција се обидува да ја испрати преку внатреполитички структури во државата.
Се додека Македонија има исто мисленици со официјална Атина, земјата нема да оди напред, а Атина само ќе си земе за сила да не отстапи од своите тврдења и ставови, сметаат експертите. 
Експертите и јавноста очекуваат да видат како СДСМ како најголема опозициска партија и коалиционен партнер на Љубчо Георгиевски ќе се однесува после ваквата позиција која ја изјави јавно еден од нејзините коалициони партнери.Љупчо Георгиевски кој е на чело на ВМРО-НП ги дели своите ставови со грчкиот претседател. 

Пронајдете не на следниве мрежи: