Љубчо Георгиевски: „Македонија ќе стане муслиманска држава за 10 години“

Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, вели дека по 15 години Македонија ќе стане албанска држава, а најмалку за 7-8 години државата ќе ја доминираат муслиманите. Тој ваквите ставови ги кажа во интервју за бугарскиот весник „Прес“.„Да, оваа идеја сакав да се реализира на балканска конференција на која сите држави ќе ја дадат својата согласност и тоа да биде чекор кон мирот, а не да се соочиме со војна… Ако денес ја анализираме ситуацијата, ќе видиме дека процесите не се тргнати напред. Босна постои само на хартија, таму реално државата не функционира. Косово сеуште е поделено и продолжува да создава проблеми меѓу Албанците и Србите. Македонија е во перманентна нестабилност, чиј опстанок денес зависи само од добрата воља на Албанците. Сфатив дека мојата идеја не може да проработи и веќе не сум активен нејзин поборник. И во исто време не верувам дека освен преку севкупно разбирање , ситуацијата на Балканот нема  да може да се смири“.
Во интервју за бугарскиот „Пресе“, поранешниот премиер на Република Македонија, Љубчо Георгиевски предупредува дека Македонија за 7 до 8 години, Македонија ќе стане муслиманска држава додека пак за 15 години ќе стане албанска држава.
„Кој сака да гледа стратешки на Балканот, треба да го има предвид фактот дека во 2020 година ќе треба да ја третира Македонија како четврта муслиманска држава во Европа. И ќе ви кажам уште нешто – дотогаш проблемот ќе биде наш, македонски, а после проблемот ќе биде балкански и европски“.

На прашањето зошто Македонците не ја признаваат бугарската врска, Георгиевски вели:
„Тоа е парадоксално! Јас понекогаш се плашам. Дали овие процеси кои се развиваат во моментов кај нас, не се вистински страв од реалноста со кој народ сме најблиски и со кој народ делиме иста приказна“.
За договорот за добрососедски односи Георгиевски смета дека најдобра основа е токму декларацијата што тој ја потпишал како македонски премиер со неговиот тогашен бугарски колега Иван Костов. Тој смета дека процентот на историјата на Македонија и Бугарија не треба да е во коренот на овој договор, јас и Костов не се занимававме со историја и тогаш односите меѓу Македонија и Бугарија беа на највисоко ниво. „Факт е дека антибугарската политика во Македонија е на сцена и во овие 20 години демократија“.
Просрпската политика на Македонија, според Георгиевски, е очигледна со прославата на 100-годишнината од влегувањето на Србите во Македонија во Балканската војна, споменикот на цар Душан во центарот на Скопје и изградбата на српскиот офицерски дом на плоштадот во Скопје, кој е симбол на српската окупација на Македонија. А за нашата заедничка, реална историја со Бугарија, не сакаме да слушнеме – ниту празник да прославиме, ниту личност. Многу ми е мачно што и по 20 години самостојност нашата држава е просрпски ориентирана . Тоа ќе биде катастрофа за македонската нација!
Во однос на спорот со Грција, за Георгиевски нема никакви дилеми – Република Горна Македонија или Република Северна Македонија е сосема прифатливо решение.
Извор: cross.bg„Да, оваа идеја сакав да се реализира на балканска конференција на која сите држави ќе ја дадат својата согласност и тоа да биде чекор кон ми

Пронајдете не на следниве мрежи: