ЛШ: Пандев почнува против Андерлехт, Ибраими против Спортинг

И Македонија ќе има свои претставници во елитното клубско натпреварување.
Вечерва со почеток од 20,45 часот стартува новата сезона од групната фаза од елитното европско фудбалско клубско натпреварување, Лигата на Шампионите каде на програмата се 16 натпревари, 8 вечерва, 8 утре вечер.Македонија свои претставници во елитното европско фудбалско клубско натпреварување ќе има во свои двајца интернационалци, Горан Пандев, кој летово премина од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи во турскиот суперлигаш Галатасарај, и Агим Ибраими, кој пак си замина од истата лига како својот поранешен колега од македонската репрезентација, од тимот на Каљари, враќајќи се во словенечки Марибор.
Љубителите на фудбалот во нашата земја прво ќе имаат можност да го следат Горан Пандев, кој со својот тим вечерва на домашен терен на „Турк Телеком Арената“ во Истанбул во првото коло од групата „Д“ ќе игра против белгиски Андерлехт.
Агим Ибраими пак со својот тим во првото коло на домашен терен на „Људски Врт“ во Марибор ќе игра против португалски Спортинг од Лисабон. 
Извор: SPORT365.mkМакедонија свои претставници во елитното европско фудбалско клубско натпреварување ќе има во свои двајца интернационалци, Горан Пандев, кој летово

Пронајдете не на следниве мрежи: