Луис Суарез се отвори пред јавноста: Психијатарката ми кажа дека морам…

“Со години сонував да заиграм за Барселона. Сите деца го сакаат тоа. Никогаш не помислив дека ќе се случи ова, па кога ми се укажа можност не се двоумев.”- изјави Суарез, пренесе истакнатиот Goal.com, па се осврна на премиерниот настап во новиот дрес: “Беше така возбудливо, неверојатно, никогаш пред тоа не сум играл на Ноу Камп. Дали сум главната ѕвезда на Барселона во овој прелазен рок? Ѕвездите се на небо. Ќе направам се што е потребно за екипата. Силно сум мотивиран да настапувам покрај Меси, Нејмар и другите.”
Тој одговори и на прашањето за казната поради гризењето на Киелини на Светското првенство:
“Тоа е приватна работа за која не би зборувал, но разговарав со професионалци. Психијатарката ми кажа дека ќе морам да се извинам. Бев загрижен после инцидентот, не само поради трансферот, туку и поради репутацијата. Сакам да се сконцентрирам само на фудбалот.”
На 26 октомври му завршува суспензијата и тогаш може да дебитира на дерби-натпреварот против Реал Мадрид.
“Ќе немам проблеми со подготвеноста, но прашање е дали ќе се адаптирам на новата средина. Ако сум физички спремен, приспособувањето нема да биде проблем.”“Беше така возбудливо, неверојатно, никогаш пред тоа не сум играл на Ноу Камп. Дали сум главната ѕвезда на Барселона во овој прелазен рок? Ѕв

Пронајдете не на следниве мрежи: