Босанецот Харис Чато (14) излезе од шоуто “Икс фактор”, на шестата финална емисија која се одржа во Белград.Харис во баражот се најде со Лукијан Ивановиќ од Бања Лука, кој доби лоши критики за настапот од судиите. “Едвај чекав да заврши песната да ти кажам дека фалшираше цело време”, му рече Јоксимовиќ на Лукијан.” Харис одлично се држи, но Лукијан плаче, жал му е што излезе неговиот колега од истата група”, ни рече по натпреварот Снежана Велков, македонската водителка на “Икс фактор” .
Според судиите, ова беше еден од подобрите настапи на младиот Ќато, кој одлично испеа два хита од Кемал Монтено. Сепак, по изедначените гласови на судиите, два спрема два, тој го напушти натпреварувањето како кандитат кој има најмалку гласови од публиката.
Емина Јаховиќ како ментор на двајцата кандидати имаше најтешка одлука, таа инсистираше да гласа последна. Откако Жељко Јоксимовиќ и Кики Лесендриќ се изјаснија во игра да остане Лукијан, а Кристина Ковач сакаше да го задржи Харис, Емина рече, нека одлучи публиката. Во игра следниот вторник остануваат: Даниел Кајмакоски, Меид Хеќимовиќ, Алекса Перовиќ, “Доктори”, Тамара Милановиќ, Илма Карахмет, Александра Брковиќ и Лукијан.
Извор: vostip.mkХарис во баражот се најде со Лукијан Ивановиќ од Бања Лука, кој доби лоши критики за настапот од судиите. “Едвај чекав да заврши песната да т



