„ЛУКОИЛ“ создава вредности за новите времиња

„ЛУКОИЛ Македонија„ e присутна речиси 12 години на македонскиот пазар. Со 28 бензински станици според најсовремените светски стандарди и 400 вработени, компанијата прерасна во еден од поголемите снабдувачи со гориво во земјава, синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, бренд на кој потрошувачите му веруваат. Доверба која е резултат на континуираните иновации и инвестиции во производството, но и на филозофијата на „ЛУКОИЛ Македонија„, да се работи посветено, максимално грижејќи се како за своите вработени, така и за своите клиенти и потрошувачи.Денес  „ЛУКОИЛМакедонија„  е  општествено одговорна компанија што овозможува еднакви можности за личен развој и напредок во кариерата, без разлика на половата припадност.
Така што не е случајно што на бензинските станици на „ЛУКОИЛ Македонија“ работат жени, кои се амбициозни, професионалноподготвени и успешни, а истовремено посветени на семејството и децата.  А жените се и чести потрошувачи на бензиските на „ЛУКОИЛ Македонија“, кои го преферираат горивото ЕКТО, кое е безбедно за животната средина и кое ја подобрува работата на моторот на автомобилот. ЕКТО горивото од ЛУКОИЛ содржи помалку бензол и сулфур во споредба со другите автомобилски бензини, кои се продаваат на пазарот во Република Македонија.  Дамите многу добро ги препознаваат предностите на ЕКТО горивата од ЛУКОИЛ со нивната основна карактеристика   „економичност„, која позитивно влијае  на буџетите во семејствата.
“Ми претставува задоволство што работам во компанија како „ЛУКОИЛ Македонија„, каде без оглед на полот, возраста и потеклото, секој вработен е вреднуван според трудот. Не постојат бариери или привилегии при вработувањето, а и потоа во односот меѓу нас вработените. Мене и на останатите жени вработени во „ЛУКОИЛ Македонија“ тоа особено ни значи и среќни сме што сме тука. Сето тоа се одразува во односот со нашите клиенти. На нашите бензински станици секогаш ве пречекуваат професионалност и насмевки. Клиентите ни остануваат верни, а тоа допринесува за целокупниот успех на компанијата. Се радувам што се почесто ме сретнуваат луѓе на кои воопшто не им е чудно што работам на позиција “нетипична за жени“, затоа што „ЛУКОИЛ Македонија„, со политиката на вработување, го “сруши“ тој стереотип.“ – вели Билјана Иванова, вработена бензинската станица на „ЛУКОИЛ Македонија„ на улица Првомајска.
Воедно  e нарушен и стереотипот дека жена не може да биде раководител на бензинска станица. На бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија има жени раководители кои не отстапуваат во ниту еден сегмент од мажите раководители.
„ЛУКОИЛ Македонија„ и понатаму ќе ги поддржува жените во нивната настојчивост да останат жени и како нивни пријател и партнер на патиштата, уште повеќе ги охрабрува да бидат позитивен пример за останатите.  Денес  „ЛУКОИЛМакедонија„  е  општествено одговорна компанија што овозможува еднакви можности за личен развој

Пронајдете не на следниве мрежи: