Емина Јаховиќ во друштво на својот сопруг Мустафа Сандал отпатува на одмор во монденското зимувалиште Куршевел на Алпите во Франција.Тие престојуваат во еден од најлуксузните апартмани во популарниот ски центар и дневно плаќаат по 1.000 евра. Ќе престојуваат 15 дена, па не е тешко да заклучите дека таму ќе потрошат најмалку 15.000 евра.
Куршевал веќе со години се смета за најексклузивна зимска туристичка локација во Франција. Три долини со 600 километри стаза за скијање и 200 ски лифтови, природен снег, но и 617 снежни топови благодарение на кои туристите може да скијаат тука и во лето.
„Обожавам снег и скијање“- напиша Емина со фотографиите што ги прикачи на социјалните мрежи.
Познатиот пар најчесто оди на скијање во Австрија, но овој пат избра друга локација.
Пејачката после зимскиот одмор ќе продолжи со промоцијата на нејзиниот албум, како и со преговори за ангажман во „X фактор“.Тие престојуваат во еден од најлуксузните апартмани во популарниот ски центар и дневно плаќаат по 1.000 евра. Ќе престојуваат 15 дена, па не е тешк



