Mорничаво убиство во Србија: Родителите го пуштиле во домот, тој крвнички им ја убил ќерката

Триесет и тригодишниот Душан П. е уапсен под сомнение дека до смрт ја избодел својата девојка, 19-годишната Виолета Ј. од Баталаге, Србија. Според неофицијални информации, тој не се прикрал во нивната куќа, туку родителите на Виолета го пуштиле не наслутувајќи дека ќе се случи трагедија.
Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, Душан утрово отишол до куќата на Виолета и го примиле нејзините родители, па заедно чекале несреќната девојка да се врати од ноќна смена.
Откако Виолета се вратила татко и, наводно на кратко излегол во дворот, а ниту мајка и не била во истата просторија, па Душан го искористил моментот и крвнички ја избодел. Како што, неофицијално се дознава на убиството најверојатно му претходело раскинување на врската помеѓу Душан и Виолета, кое тој судејќи по се не можел да го прифати.

Ubijena VioletaОсомничениот Душан по злосторството дури седнал во истиот автомобил заедно со жртвата и нејзиниот татко и се одвезле до здравствена установа. Душан оттаму побегал, но набрзо полицијата го уапсила. Девојката им подлегнала на повредите, а Душан во наредните 48 часа ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Шабац.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.