Мадуро бара итно распишување претседателски избори во Венецуела

Привремениот венецуелски претседател Николас Мадуро во петокот навечер по локално време во говорот директно пренесуван преку државната телевизија одржан пред парламентот, по именувањето за привремен вршител на должноста, од Државната изборна комисија побара итно распишување на новите претседателски избори. „Официјално побарав од претседателката на Државната изборна комисија, Тибисаи Лусене веднаш да организира одржување претседателски избори. Тие, во согласност со уставот, треба да се одржат во рок од 30 дена од смртта на Уго Чавез“, изјави Мадуро. Мадуро во петокот ја положи заклетвата како привремен претседател. На полагањето на заклетвата не присуствуваа голем број опозициски пратеници, кои го оспоруваа неговото именување. Според уставот, нови избори мора да се одржат во рок од 30 дена по смртта на претседателот, но нивниот точен датум сѐ уште не е назначен. Несогласувањата меѓу опозицијата и власта се однесуваат на толкувањето на уставните одредби коишто произлегуваат од тоа што, според опозицијата, во Венецуела во моментов (по смртта на претседателот Уго Чавез) стапува на сила членот 231 од Уставот, според кој државните работи треба да ги извршува претседателот на парламентот. Од друга страна, властите тврдат дека во овој случај стапува на сила членот 233 од Уставот, според кој привремен претседател на земјата е заменик-претседателот (потпретседателот).
МакфаксПривремениот венецуелски претседател Николас Мадуро во петокот навечер по локално време во говорот директно пренесуван

Пронајдете не на следниве мрежи: