„Магичен напиток“ – Го чисти црниот дроб, спречува рак, го регулира притисокот

Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека консумирањето цвекло го спречува развојот на малигни тумори,го чисти црниот дроб, телото од отрови и други “отпади”, го олеснува запекот и други проблеми со дебелото црево.Руската традиционалната медицина смета дека квасот од цвеклото е најдобар немедицински лек за хипертензија, бидејќи го нормализира крвниот притисок за долг временски период,  корисен е кај атеросклероза.
За подготовка на медицинскиот квасец од цвекло ќе ви треба:
– Стаклена тегла од 3 литри (уште подобро е глинен сад, ако имате)
– 700 г цвекло (околу 3 парчиња свежо цвекло со средна големина)
– 2 лажици брашно
– 200 гр шеќер
– 100 грама суво грозје
Подготовка

 
Свежото цвекло измијте го и исечете го на коцки или тенки кришки и ставете го во чиста тегла. Додадете суво грозје, 2 лажици брашно и 200 гр шеќер. Теглата наполнете ја со ладна зоовриена вода и помешајте. Потоа затворете ја со поклопец или уште подобро замотајте со газа (квасот да диши) и оставете ја на топло место 6-7 дена да ферментира.
Два пати дневно мешајте ja содржината на теглата и по потреба отстранете ја пената. После 7 дена смесата процедете ја низ газа и ќе добиете квас од цвекло. Пијте по 3-4 супени лажици 3 пати на ден пред оброк. Квасот чувајте го во фрижидер.
Испијте го целиот квас и со тоа ќе се заврши првата фаза за чистење на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно направете пауза од 3 месеци и третманот повторете го по трет пат. После година дена вашиот црн дроб ќе биде сосема чист.
За време на чистењето, можат да се отстранат и песокот и ситните камчиња од бубрегот, а инаку овој квас од цвекло многу добро ги чисти црниот дроб и бубрезите.
Оваа метода ја применуваат лекарите во некои болници во Киев и Луганск, бидејќи покажала одлични резултати не само за чистење на црниот дроб, туку и за целиот организам и како одлично средство за хипертензија и атеросклероза.
Постојат и контраиндикации: Квасот не е препорачлив за лица кои имаат болни бубрези, проблеми со дигестивниот тракт во акутна фаза и гихт. Во овие случаи неопходна е консултација со лекар. Морате да бидете внимателни ако имате низок притисок.Руската традиционалната медицина смета дека квасот од цвеклото е најдобар немедицински лек за хипертензија, бидејќи го нормализира крвниот притисок

Пронајдете не на следниве мрежи: