Магичен прстен кој целиот свет го претвора во Тачскрин

Користењето екран на допир станува секојдневие и луѓето веќе имаат навика да „пипкаат“ по нештата, дури и по екраните кои не се на допир, мислејќи дека се. Па зар не би било поедноставно целиот свет да функционира на допир?
 Користењето екран на допир станува секојдневие и луѓето веќе имаат навика да „пипкаат“ по нештата, дури и по екраните кои не се на допир, мислејќи дека се. Па зар не би било поедноставно целиот свет да функционира на допир?
Токму тоа е и намената на овој неверојатен прстен кој е создаден во универзитетот во Торонто и универзитетот Алберт кои соработувале меѓусебно за да дојдат до ова откритие. Овој прстен буквално ви овозможува управување со секој уред со само обичен гест.
Овој уред користи две мали камери, едната ја препознава површината на која се допира, а другата ги препознава движењата/гестите. Комбинација на овие две прави вистински чуда – уредот може да контролира било кој друг уред со едноставно движење на раката или допирање.
За жал овој прстен е во моментот прототип на кој ќе се истражува уште неколку години за да може конечно да биде пуштен за широка употреба. Во моментот истражувачите работат на бежична верзија на уредот и навестуваат дека во блиска иднина би можел да стане незаменлив додаток на други паметни уреди како Google очилата и паметните часовници.
Извор:think.mkКористењето екран на допир станува секојдневие и луѓето веќе имаат навика да „пипкаат“ по нештата, дури и

Пронајдете не на следниве мрежи: