Маја Николиќ скршена од болка: Што ќе правам кога ќе ми го земат детето?!

Српската пејачка Маја Николиќ која веќе пет години води судски спор со својот поранешен сопруг за старателство врз нивното дете, е очајна и несреќна. Судскиот спор кој конечно ќе добие епилог, откако овој четврток конечно ќе се знае кај кого ќе остане детето.Пејачката вели дека до сега не загубила верба и се спротивставила на одлуката на судот нејзиниот 7-годишен син Лазар да биде доделен на таткото.
– Ми потонаа сите бродови. Никогаш не сум била поочајна и понесреќна. Се жалев секаде кога ми го одземаа детето, тропнав на секоја врата. Веќе од утре ќе се зголеми оваа агонија и нема да имам сила за живот, вели пејачката за српски Курир.
Освен 7-годишниот Лазар пејачката го има и 16 – годишниот син Новак.
-Не знам што ќе правам кога дефинитивно ќе ми го одземат детето, додава Маја.
За судските процеси пејачката сменила пет адвоката и потрошила 15.000 евра, но не успеала да си ја оствари целта.Пејачката вели дека до сега не загубила верба и се спротивставила на одлуката на судот нејзиниот 7-годишен син Лазар да биде доделен на таткото.

Пронајдете не на следниве мрежи: