Маја Оџаклиевска на Евровизија

Легендарната македонска пејачка Маја Оџаклиевска, која со децении живее и работи во Белград направи вистинска збрка во српските медиуми деновиве. Имено, само две недели откако објави дека нема да учествува на српскиот избор за песна за Евровизија, Маја сепак излезе во јавноста со изјава дека ќе пее песна во дует на Беовизија.
Конечно, за српски Свет, таа објасни што се случувало изминатиов период. Маја раскажа дека не сака повеќе да се појавува по емисии, фестивали и разни други гостувања и натпревари, но нејзиниот пријател и соработник, Никола Буровац, го пријавил за Беосонг нивниот заеднички дует кој всушност го снимиле за Сунчане Скале.
Како што потенцира Маја, таа не сакала да настапи ниту на Црногорскиот фестивал, бидејќи после секоја нивна заедничка соработка, „злобниците“ коментираат за евентуалната љубовна афера меѓу неа и Никола, кој е повеќе од 20 и нешто години помлад од Маја.
Песната е насловена како „Andjeo s neba“ и останува да видиме дали ќе го освои првото место на српски Беосонг и ќе замине да се натпреварува во Шведска.
Извор: svet.rsЛегендарната македонска пејачка Маја Оџаклиевска, која со децении живее и работи во Белград направи вистинска збрка во

Пронајдете не на следниве мрежи: