петок, 13 ноември 2026
Најново

Мајчино млеко од жени од Камбоџа се конзервира и продава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Агенцијата Уницеф денес ги осуди компаниите кои откупуват мајчино млеко од сиромашните мајки во Камбоџа и го препродаваат на мајките во САД.Властите во Камбоџа соопштија дека привремено го запреле ивозот за Американска компанија од Јута, која продава конзервирано мајчино млеко пренесува франс прес.
Млекото се продава на мајките од Сад лпи немаат доволно млеко за да ги дојат своите деца или како дополнување во исхраната.Како што наведува Франс, млекото кое се зема од мајките се замрзнува и испраќа во САД, каде се пакува во паковање од 147 милилотри и се продава за 20 долари.
Властите во Камбоџа привремено го запреа извозот, затоа што потекнува од човечки органи и владата планира да одржи разговори во врска со тоа, додека Уницеф, предупредува дека мајчиното млеко треба да остане во Камбоџа кој е многу сиромашна земја, и каде има многу неухранети деца.
Потпаролката на Уницеф вели дека не треба да се злоупотребуваат банките со мајлино млеко за некој да профитире од нив.
-Мајчиното млеко се смета како ткиво, исто како крв и не смее да се тргува до него, тоа треба да биде забрането- додала таа.
На многу жени од Камбоџа, продавање на мајчиното млеко е единдтвен начин за заработка.
30- годишната мајка Чеа Сам за интервју за Франс рекла дека до продавање на млеко таа дневно заработува од 7 до 10 долари дневно и познава уште барем 10 жени кои го прават истото за да се прехранат.Властите во Камбоџа соопштија дека привремено го запреле ивозот за Американска компанија од Јута, која продава конзервирано мајчино млеко пренесува

Поврзани вести