Мајчинството и хороскопските знаци: Биковите се многу приврзани, Лавовите командуваат, а Рибите…

Мајчинството е една од најважните улоги во животот на жената, а според астролозите, припадничките на различни хороскопски знаци имаат специфично определен однос кон децата и семејството.Мајката Овен
Оваа мајка е можеби еден од најдобрите примери за децата. Таа секогаш наоѓа време за наследниците и знае како да ги поддржува во секоја ситуација и тие ја чувствуваат како своја најголема потпора во текот на целиот свој живот. Оваа мајка ги разгалува своите деца, но знае како да им става ограничувања.
Мајката Бик
Оваа мајка е грижлива, одговорна и многу приврзана кон своите деца. Таа сака да се увери дека наследниците  ќе го добијат најдоброто што го заслужуваат. Таа ќе ги облекува со најубавата облека, ќе ги храни со врвен квалитет на храна и ќе ги запише во најпрестижната градинка / училиште.
Мајката Близнаци
Оваа жена е дете по душа и секогаш е во добро расположение, кое е радост за нејзините наследници. Мајката Близнаци е забавна и активна личност, полна со живот и љубопитност кон светот. Но таа понекогаш не успева да го покаже својот авторитет пред децата и така пропушта да ги научи на некои важни работи. Можно е кога децата на оваа жена пораснат, да станат позрели од неа самата.
Мајката Рак
Ако имаше награда за совршена мајка во Зодијакот, жената Рак треба да е победник! Мајките од овој знак имаат способност да бидат целосно синхронизирани со емоциите на своите деца и со нивните желби. Тие се покровителки по природа, но понекогаш ги задушуваат со вниманието и грижата своите деца.

Мајката Лав
Оваа мајка е исполнета со живот и ентузијазам и го облева во љубов своето дете. Во исто време таа сака да е командант дома и сè да станува така, како што таа ќе каже. Можно е оваа жена понекогаш да им штети на децата, и да не им овозможува да ги носат своите одлуки и така тие да растат грешејќи, со идејата дека мама ќе среди сè.
Мајката Девица
Оваа жена се грижи детето да ѝ расте во чиста и здрава животна средина. Таа се грижи за емоционалните и образовни потреби на своите наследници. Но, во исто време тоа може да биде прилично строга, прецизно, полна со барања кон своите деца. Можно е да дојде момент во кој тие ќе чувствуваат навреденост од нејзините критики.
Мајката Вага
Оваа жена е мила и трпелива и ќе ги научи на добри манири децата. Таа е добар модел за следење, особено на своите ќерки, бидејќи секогаш ја бара хармонијата и убавината во животот. Освен тоа таа успева да стане близок пријател на своите деца, но понекогаш е премногу незаинтересирана кон нивниот личен живот.
Мајката Скорпија
Оваа жена е моќна и ја сака драмата. Таа е склона да ја користи целата своја енергија за да ги штити децата од злите влијанија. Таа сака да ги задоволува сите потреби на наследниците, но понекогаш доаѓа до крајности, за да ги направи среќни и всушност ги разгалува премногу.

Мајката Стрелец
Оваа мајка е приврзаник на тоа да ги научи децата на поголема самостојност. Таа ќе направи сé за да им го покаже светот и да ги запознае со начинот на живот на различни луѓе. Таа е голем ентузијаст по душа и ќе сака да присуствува на сите видови воннаставни активности на децата – натпревари, концерти, настапи и др.
Мајката Јарец
Оваа жена е искрена, мудра и совесна, и е исклучително фер кон своите деца, па така ги штити од различни заблуди и нереална самопроценка. Тоа може да се манифестира како цврста и силна, но и како исклучително мила и нежна мајка. Понекогаш оваа жена станува премногу строга и децата  може да почнат да се бунтуваат против нејзиниот авторитет.
Мајката Водолија
Оваа мајка е весела и ненаметлива. Таа е најдобар пријател на своите деца и не се двоуми да им дава бесплатни совети, дури и кога станува збор за чувствителни теми. Најлошата карактеристика на оваа жена е дека нејзиното нагло менување расположенија, може да влијае негативно врз децата.
Мајката Риби
Оваа мајка е супер либерална, многу внимателна и прилично разумна. Таа сака да одгледа самоуверено, писмено и културно дете. Таа е внимателна и ќе го опсипе своето дете со безгранична љубов и наклонетост, но без да го измачува, да го задушува или да се обидува да му влијае.

Пронајдете не на следниве мрежи: