Поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон, откри дека имал ист дилер како и починатиот американски актер Робин Вилијамс. Во интервју за американските медиуми, Тајсон изјави дека тој и Вилијамс страдале од депресија и се запознале на еден состанок, каде што ги поврзала нивната зависност од дрога и алкохол.
Да потсетиме дека, актерот Робин Вилијамс во август изврши самоубиство, откако со години се борел против депресијата.
„Тоа е мошне интересно. Кога го запознав, ми кажа дека ме чекал. Ми зборуваше за човекот од кого купував дрога. Се зачудив дека го знае, затоа што тие не би требало да бидат ни во иста држава. Во одредени ситуации не бирате средства за помош, со кои би дошле до дрога. Очигледно секој се знае со секого“, изјави Тајсон.
Тој призна дека се бори против депресијата и кажа дека и понатаму се смета себеси за ментално болна личност. Додаде дека смртта на Вилијамс навистина оставила длабок траг врз него. Во интервју за американските медиуми, Тајсон изјави дека тој и Вилијамс страдале од депресија и се запознале на еден состанок, каде што ги поврзала


