Мајк Тајсон: „Водев љубов со шампионскиот појас на себе“

– Не го симнував појасот цела ноќ. Понекогаш знаев да се соблечам гол и да го оставам само појасот околу половината и така да водам љубов со девојката, се потсетува Мајк Тајсон.Во новата објавена контроверзна автобиографија, Undisputed Truth,  педесет и седум годишниот Мајк Тајсон се потсети на досегашниот живот исполнет со кокаин поттикнат од оргии, времето поминато зад решетки, личниот банкрот и драмата која како да нема крај.
Раскажа како се обидел да избегне затвор поради силувањето на младата натпреварувачка на изборот на убавици Дезире Вашингтон (18), така што посетил Ромка, која му рекла дека на него ќе фрли маѓија која ќе го спаси од затвор ако стави 500 долари во сад, на нив се помокри и остави да стави амајлија под својот кревет три дена.
– Знаев дека се работи за измама и дека тој лик ништо не може, се потсети Тајсон и на средбата со еден вуду свештеник, но призна и дека ги следел упатствата од свештеник од редот на афро-кубанска религија Сантерија, кој му советувал една ноќ да влезе во судницата со гулаб и јајце.
– Речиси поверував дека тоа би можело да успее. За себе бев непобедлив. Ништо не ме попречуваше. Јас бев најмладиот првак во тешка категорија во историјата на боксот. Бев реинкарнација на Александар Велики, се потсетува Тајсон на својата препотентност.
Пред во 1992 година да заврши во затвор, на кој за силување беше осуден на шест години, а зад решетки поминал три години, однел во кревет голем број девојки, се потсетува.
Тајсон верува дека престојот во затворот му го спасил животот.
Неговата мајка Лорна Мае била тежок алкохоличар која често спиела со мажи со кои не сакала, само на своето семејство да обезбеди покрив над главата. Човекот за кој мајка му му рекла дека е негов биолошки татко, всушност бил „успешен“ макро.
Имал само седум години кога се качувал преку прозорците на куќите и крадел се што ќе му дошло до рака.
Тој вели дека немало многу светли моменти во неговото детство, но се сеќава дека филмот од 1977 година за големиот боксер Мухамед Али „The Greatest“ му го променил животот и оти гледајќи го сфатил дека сака да стане боксер.
Малку пред 13-от роденден уапсен е поради крадење и испратен во поправен дом каде запознал учител кој во него видел потенцијал. Во 1980 година го запознал со човекот кој му го промени животот – легендарниот тренер Константин Д`Амато. На 20 години ја освои титулата шампион.

– Не го симнував појасот цела ноќ. Понекогаш знаев да се соблечам гол и да го оставам само појасот околу половината и така да водам љубов со девојката, се потсетува тој.
Парите во неговите џебови се зголемувале, а девојки му паѓале пред нозе. Така, раскажува тој, ја запознал и Наоми Кембел. Во исто време бил и со мисицата Сузет Чарлс. После тоа ја запознал актерката Робин Гивенс, својата прва жена, која ја мамел како и сите дотогашни свои девојки. Таа јавно го обвини за малтретирање и разводот бил неизбежен.
Во својата книга го опишал моментот кога ја фатил својата прва сопруга Робин како го изневерува со Бред Пит.
Поточно, додека парницата била во тек Тајсон дошол до нејзината куќа во Лос Анџелес. Ја видел, мислел дека е во женско друштво. Но, долгокосата русокоса била – Бред Пит – кој кога го видел Тајсон „изгледаше дека ги преживува последните моменти во животот“.
Излегол од затвор кога имал 29 години и недолго после се оженил со една од бројните девојки – Моника. Заработените пари ги трошел молскавично, побрзо отколку што ги заработувал. Во 1997 година се соочил со личен банкот и морал да ги продаде своите 62 автомобили.
Во 1999 година завршил повторно во затвор поради напад, а кога излегол бил уверен дека при сексот со проститутки на Кубиа „заработил“ сида.
Втората жена од него се разведе кога и признал дека има сида, што подоцна се покажало дека е неточно. Сепак, признава дека тоа не би ја спречило да покрене бракоразводна парница затоа што ја изневерувал со многу жени. На стриптизета од Феникс и направил дете, а тоа било само капката која ја прелила чашата.
Мајк Тајсон бил зависник од секс, дрога и алкохол кој целиот живот се борел „да го совлада својот апетит. Откри дека и додека го снимал филмот „Мамурлук“ бил дрогиран. Набрзо му се случи голема трагедија. Неговата четиригодишна ќерка починала во страшна несреќа. Од тогаш, Тајсон се обидува да се промени. Одел на голем број терапии, во врска е со жената Кики, која ја знае од свои 13 години и со неа има две деца.
Тајсон сега сака да биде добар татко и сопруг и се обидува да се излечи од зависноста од дрога.Во новата објавена контроверзна автобиографија, Undisputed Truth,  педесет и седум годишниот Мајк Тајсон се потсети на досегашниот живот испол

Пронајдете не на следниве мрежи: