МАЈКА ПРЕД ОЧИТЕ НА СОПРУГОТ ГИ УБИЛА ДЕЦАТА И МУ РЕКЛА: Ова е…

Loading...

Голема трагедија. Американка со истрели од огнено оружје ги убила двете ќерки по жестока кавга со сопругот.  Медисон (17) и Тејлор Шитс (22), ги изгубиле животите откако ги убила нивната мајка Кристи Шитс (42).Откако Kristi го извлекла оружјето, ќерките панично повикале 911. На објавените снимки од повикот се слуша како едната ќерка ја моли својата мајка: „Те молам! Прости ми! Те молам, немој да пукаш”.
Друг женски глас се слуша како вика: „Жал ми е. Те молам. Не пукај во неа!”. Во еден момент на снимката се слуша и подлабок глас, веројатно на сопругот Џејсон, кој вели: „Ти ветувам, сè што сакаш!“.
Повикот во тој момент бил прекинат. Соседот слушнал истрели и повикал полиција. Тој рекол дека гледа жена со пиштол и дека две лица се погодени. Името на соседот не е објавено поради анонимност, но деталите кои ги пренел во полицијата сепак дошле до јавноста.
На новинарите им рекол дека…

Постарата ќерка била жива во моментот кога колабирала на патот, а нејзината мајка се обидела повторно да ја застрела. Меѓутоа, Кристи поседувала само малокалибарски револвер со пет куршуми.
Таа се вратила дома, го наполнила пиштолот, излегла на патот и повторно ја застрелала постарата ќерка. Кратко по повикот на соседот, полицијата излегла на интервенција и ја затекнала Кристи на патот. Бидејќи одбила да го фрли оружјето, таа била убиена со еден куршум во градите.

loading...