Мајка си го усмртила своето бебе додека го доела?!

Џадин Индира Моралес од градот Хегерстаун во американската држава Мериленд, која била под силно дејство на алкохол, па додека го доела своето бебе, се онесвестила , а со тоа и предизвикувајќи ја неговата смрт.Полицијата соопштила дека бебето во саботата наутро било пронајдено под телото на 22-годишната мајка, и дека не давало никакви знаци на живот. Малку пред 7 часот наутро, заменик шерифот на Вашингтон пристигнал по повик во куќата во Хегерстаун. Лекарите констатирале смрт на бебето во медицинскиот центар “Meritus”, каде што мајката била прегледана, пред да биде уапсена и обвинета. Моралес, помеѓу другото, била обвинета и за убиство од небрежност и за злоставување на детето, а во саботата платила кауција и била ослободена од притвор.

Весникот “Baltimore Sun” дошол до информации за претходни инциденти со едно од нејзините деца.
Минатата година, Даниел Кит Едмондс, кого Моралес го идентификувала како свое момче, бил обвинет за злоставување на дете откако ќерката на Моралес, која тогаш имала 2 години, била однесена во болница со скршени ребра и други повреди. Тој не го признал делото, меѓутоа прифатил дека има доволно докази да биде прогласен за виновен, по што бил обвинет за полесен, второстепен напад.
Полицијата соопштила дека бебето во саботата наутро било пронајдено под телото на 22-годишната мајка, и дека не давало никакви знаци на живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: