Новинарка од порталот „Пинк.рс“, ја повика мајката на пејачката Јелена Марјановиќ за да го дознае нејзиното мислење за најновите информации во врска со убиството на нејзината ќерка.Откако медиумите ја објавија информацијата дека Зоран Марјановиќ повторно се јавува како осомничен за убиството на Јелена, мајката на пејачката возврати дека нема што да каже на таа тема.
„Немојте никого да обвинувате додека не се пронајде убиецот. Полицијата е во потрага по него“ – навела мајката на брутално убиената пејачка.



