Иако поминаа само два дена од свадбата на Меси и Антонела, во Аргентина се уште се зборува за свадбата на векот.Аргентинските новинари овие денови се занимаваат со најситните работи од прославата, па дури и тоа дека мајката на Меси на свадбата носела бел фустан, а тоа кажува колку не сака нејзиниот син да стапи во брак со Антонела.
Во Аргентина носењето на иста боја на фустан како невестата се смета за непочитување, а според медиумите тие две наводно се во лоши односи, а доказ за тоа е и одвоеното сместување на семејствата на парот. Имено семејството на меси било сместено на првиот кат од луксузниот хотел, додека Антонела за своето семејство го закупила вториот кат.
Дизајнерот на Антонела за медиумите изјави дека мајката на Меси морала да биде во темен фустан и никако не смеела да одбере бела боја, а со овој потег таа само покажа дека Антонела никогаш не ја сакала за снаа, пренесуваат тамошните медиуми.
Аргентинските новинари овие денови се занимаваат со најситните работи од прославата, па дури и тоа дека мајката на Меси на свадбата носела бел фуст



