Додека траеше забраната за прикажување на „Парови“ сите се прашуваа што се случува во оваа емисија, која ја згрози јавноста. Во меѓувреме се огласија мајките на Ружица Вељковиќ, Маца Дискреција и Јелена Голубовиќ, кои сметаат дека одлуката за укинување на ова шоу е- глупава.Додека сите се згрозуваат од сето тоа што се случува во ова реалити, мајките на некои од учесничките сметаат дека тука нема ништо лошо.
„Тоа што Маца ги пкажува градите, а Змај се соблекол гол, тоа е нивен срам и треба нив да ги исфрлите. На крај, кому му пречи неморлот, може да го промени каналот, секој има право да гледа што сака и никој не е приморан да ги гледа „Парови“. Одлуката за прекинување на шоуто е глупава“, рекла мајката на Ружица а со неа се сложува и мајката на Јелена Голубовиќ.
„Има многу неморални работи и на други телиевизии. Кому му пречи, нека го промени каналот. Јас не гледам таму ништо лошо и не се прикажува ништо што веќе не е прикажано. Тоа е реалити шоу“, раскажала Светлана Голубовиќ.
Исто така, Енеса Хоџиќ, чија ќерка Маца предводи по гледаност во „Парови“, смета дека нејзиното дете но и останатите учесници не прават ништо лошо.
„Не треба да се укинат, нема тука ништо лошо во тоа што тие го прават. Луѓето таму се искрени и така се прикажуваат“, заклучила мајката на Маца.Додека сите се згрозуваат од сето тоа што се случува во ова реалити, мајките на некои од учесничките сметаат дека тука нема ништо лошо.



