Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се разведуваат после 12 години брак

Кога овој славен холивудски пар ја започна својата врска, поради разликата во годините, ретко кој веруваше дека ќе се претвори во нешто посериозно. Имено, Мајкл Даглас е постар од Кетрин Зета Џонс цели 25 години. Но тоа не ги спречи да ја крунисаат својата љубов со брак и две деца.
Но американските таблоиди пренесуваат дека после 14 годишна врска, 13 години заеднички живот и 12 години брак, тие се разведуваат. Како причина за разводот е наведен проблематичниот живот на синот на Мајкл – Камерон кој до сега неколку пати бил во затвор.
Само за потсетување, нивниот брак го издржа и еден од најтешките тестови, борбата со рак на грло на Даглас. За време на целата болест, лекување и опоравување, Кетрин беше неговата потпора. Актерот пред година дена излезе со соопштение во јавноста дека успешно се излекувал од оваа тешка болест и дека ќе му се посвети на семејството.Во јавноста кружеа и информации за евентуално трето дете на славниот и складниот пар, но за жал, и тие ќе завршат со развод.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Кога овој славен холивудски пар ја започна својата врска, поради разликата во годините, ретко кој веруваше дека ќе се

Пронајдете не на следниве мрежи: