Мајските оперски вечери со хорот Вива Вокс

Популарниот хор „Вива вокс“ (Viva Vox) од Белград, Србија ќе настапи на 44. Мајски оперски вечери, на 14 мај со почеток во 20 часот. Хорот е основан пред 10 години од страна на група средношколци и нивната професорка и диригент Јасмина Лорин.Хорот „Вива вокс“ името го добива во 2005 година, а во 2009 година во нивните изведби хористите воведуваат „битбокс“, техника која заедно со специфичните аранжмани на песните кои ги изведуваат го формира уникатниот звук на хорот по кој се познати насекаде низ светот.
Стилот на изведба на хорот „Вива вокс“ поминува низ повеќе трансформации, но денес тоа е уникатен микс на автентични акапела интерпретации на поп-рок и алтернативна музика надополнета со битбокс.
Изведбата на познатата песна „Ду хаст“ од германската метал група „Рамштајн“ го прославува хорот на интернет во 2011 година и за само неколку дена ја зголемува неговата популарност во светски рамки. Откако медиумите и светската публика ќе дознаат за хорот, тие се стекнуваат со популарност во Србија и заминуваат на турнеи во Полска, Чешка, Македонија, Австрија, Белорусија и многу други земји, а настапуваат и на мега-популарниот фестивал „Егзит“ во Нови Сад и на фестивалот „Sea dance“ во Будва.
Нивно најголемо достигнување е настапот во концертната сала на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, на 14 јануари 2013 година, како дел од прославите на Православната нова година. „Вива вокс“ се единствена музичка група од регионот која добила шанса да настапи во средиштето на Обединетите нации, со што се придружува на малкумината големи уметници на кои им била укажана ваква чест. Хорот, исто така, настапил и во големата сала на плоштадот Тјананмен во Пекинг, Кина, известија од Македонската опера и балет.Хорот „Вива вокс“ името го добива во 2005 година, а во 2009 година во нивните изведби хористите воведуваат „битбокс“, техни

Пронајдете не на следниве мрежи: