Македонците од Охајо: И по завршувањето на изборите, опозицијата се обидува да манипулира со луѓето

Разочарани сме и гневни од целиот хаос, самоволие и непрофесионалност на Државната изборна комисија, обидот да се фалсификува и изигра изборната волја на македонскиот народ. Сакаме да ги прашаме политичките чинители кои не ги признаваат изборните резултати, која е нивната цел?, се вели во соопштението испратено од Македонците кои живеат во Колумбус, Охајо.-Власт без поддршка од мнозинството граѓани? Нефункционална држава како основа за воведување протекторат? Дестабилизација и поделба на Македонија? Јасно ни е дека опозиционерите се замислуваат дека се „државотворна партија“, веруваат дека тие ја створиле нашата независна татковина (иако фактите говорат сосема друг во деновите кога се боревме за стекнување на севереност) и се предодредни да владеат со неа. Само тие имаат комуникација со меѓународната заедница и тие виши сили комуницираат исклучиво со нив и им кажуваат како е правилно да се постапува, велат Македонците од Охајо.
Додаваат дека во изминатиот период се изнаслушале лаги од нарцисоидни ликови.
-Ликови кои имаат претерано високо мислење за себе, кои ја навредуваат македонската дијаспора, кои направија се за да ги одземат нашите легално избрани претставници во Собранието. Ги следевме и бројните „еминентни експерти“ кои само го навредуваат сопствениот народ и ги омаловажуваа оние кои имаат различно мислење од другите. Не видовме ниту програма, ниту реални проекти и рокови. Само празни ветувања. Сега и по завршувањето на изборите се обидуваат да манипулираат со луѓето. Тие знаат дека доколку се дознае вистината за она што го направија и се уште го прават со цел на грст олигарси и политиканти да им обезбедат финансиска и општествена моќ-никој не би ги поддржал и не би гласал за нив, стои во соопштението.
Дополнително се наведува дека Македонците во Охајо нема да дозволат да се повтори како што велат, катастрофалното зло и последици од нивното владеење.
-Лекот за вас драги опозиционери е само изолација. Па можеби по извесно време и ќе сфатите каде грешите, а согласно на тоа и ќе побарате прво прошка, а потоа и помош и поддршка. Можеби еден ден и ние ќе добиеме здрава опозиција кај нас, заклучуваат Македонците од Охајо.-Власт без поддршка од мнозинството граѓани? Нефункционална држава како основа за воведување протекторат? Дестабилизација и поделба на Македонија?

Пронајдете не на следниве мрежи: