четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонците во Албанија очекуват успешни избори со голема излезност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонците во Албанија очекуваат успешни избори, позитивен процес и позитивна иднина за Република Македонија  по изборите, како и успешно формирање на нова влада.Ова стои во соопштението на Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана во кое уште стои дека денот на изборите, 11 декември е една од најважните крстосници за Македонија во нејзиното 25 годишно постоење како независна држава.
-Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број и да го изразиме нашето демократско право на глас. Во овие специфични времиња, ваквото право е всушност морална обврска и должност пред идните генерации Македонци да се врати државата кон вистинскиот пат како демократски и стабилен лидер во Балканот. Се надеваме дека преку овој важен настан, Република Македонија ќе чекори успешно и позитивно кон патот на Европската интеграција, се наведува во соопштението.
Посакуваме, стои во продолжение, изборниот процес и постизборниот период да даде на македонските граѓани позитивен импулс, мотивација и прилика за унапредување во политичкиот, социјалниот и економскиот живот во Република Македонија.
– Сето ова ќе биде за доброто на сите граѓани во Република Македонија и посебно  за македонското малцинство во соседните земји. За сето тоа е потребен труд од сите политички и граѓански организации и здруженија, стои во соопштението на МД „Илинден“, потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.Ова стои во соопштението на Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана во кое уште стои дека денот на изборите, 11 декември е

Поврзани вести