Македонец го ликвидираше кралот Александар во 1934 година во Марсеј!

Владо Георгиев Черноземски бил македонски револуционер од ВМРО. Роден е во селото Каменица во реонот на Велинград, на 19 октомври 1897 година. Некои тврдат дека најдобриот и најсаканиот комитa на ВМРО бил роден во едно мало село во Разлошко, во кое неговите родители стасале како бегалци oд штипско – Македонија.

Негови родители се Риса Христоскова Балтаджиева и Димитар Величков Керин. Образованието го започнува и воедно го завршува во с. Каменица со трет клас основно образование. Работи како возач на камион за тутунскиот трговец Каракостов во Дупница и со започнување на немирите во Ќустендил, неговиот работен однос прекинува во 1922 година.

Во 1922 година станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски.
„Сѐ додека Македонија е поробена и распарчена, јас ќе се викам Владо Черноземски“ – бил заветот на Владо Черноземски.

Како член на ВМРО, влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати. По карактер бил познат како ладнокрвен и бестрашен, но и како еден од најдобрите стрелци во организацијата. Како еден од најподготвените личности му се даваат голем број на задачи кои ги извршувал за организацијата, меѓу кои е и ликвидацијата на Димо Хаџи Димов.
Во своите спомени, Ванчо Михајлов ќе запише дека со Владо Черноземски се запознале во текот на 1922 година:

„Владо беше многу тих човек и крајно исполнителен. Ги мразеше своите другари кои се пијанеа и многу читаше. Беше националист. Во затвор постојано читаше, не учествуваше во штрајковите со глад“.

Черноземски ќе остане забележан и по грозоморното убиство на Наум Томалевски, кого го прострелал во моментот кога засадувал младо дрвце во спомен на новородениот син.
Томалевски до 1928 година ќе биде заедно со Ванчо Михајлов, но по убиството на Александар Протоѓеров ќе застане на страната на протоѓеровистите за што ќе плати со својот живот. Со тој страшен настан, случен сред бел ден, протоѓеровистите го загубиле последниот член на законското Задгранично претставништво.

Владо во четата на Трајан Лакавички, вториот од лево е Черноземски

Атентатот на Кралот Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј
На 9 октомври 1934 во Марсеј го врши атентатот врз кралот на Југославија, Александар Караѓорѓевиќ, но и врз министерот францускиот министер за надворешни работи Луј Барту.
Черноземски е ранет од полицијата и за кратко време умира. Бил убиен од француски полицаец, кој го го исекол со сабја. Дека атентаторот е македонски комитa, Французите дознале по четирите букви „ВМРО“ истетовирани на телото на Черноземски.

Во алиштата му откриваат чешкословачки пасош на име Петр Келемен, револвери „Маузер“, „Валтер“ и бомба. На десната рака имал тетоважа со иницијалите на ВМРО: череп, вкрстени коски и девиза „слобода или смрт“ .

Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.

Пронајдете не на следниве мрежи: