Македонија – домаќин на елитатата на турската гастрономија и кулинарство од 11ти до 16ти ноември 2015та

 – Несекојдневен медиа настан во организација на Туркиш Ерлајнс
 – Проект во соорганизација на тимот на Вкусот на традицијата и Универзитет за туризам и манаџмент Скопје
 – Делегација на Турската федерација на готвачи – ТАШВЕД, е во 5 дневна посета на Македонија
– Најнаградуваните турски готвачи и менаџери од реномирани ресторани и хотели од Турција ќе го споделат своето искуство и знаења со македонски кулинари и угостители
– Во Македонија за прв пат се организира ВЕЧЕР НА ТУРСКА ГАСТРОНОМИЈА, Холидеј Инн, 12. 11. 2015, За одбрана публика, готват шефовите од Турција со дел од најдобрите македонски готвачи, специјалитети од отоманската и современата турска кујна по рецепти по кои се подготвува во врвните ресторани во Турција12.11.2015. Скопје. Денес во Холидеј Ин, се одржа несекојдневен медиа настан во организација на Туркиш Ерлајнс  на која пред голем број претставници на медиумите и други гости се реализира средба со г-дин Јалчин Манав – Претседател на ТАШВЕД, Илкер Бајдар, генерален директор на Туркиш ерлајнс Македонија, Ведат Басаран од тимот на готвачи кој е и редовен соработник во списанието Скајлајф на Туркиш Ерлајнс, и Деканот на Факултетот за туризам при  Универзитетот за туризам и менаџмент Доц. Д-р. Сашко Граматниковски
Учесниците на проектот “Македонија – домаќин на елитатата на турската гастрономија и кулинарство”  и соорганизаторите, тимот на Вкусот на традицијата,Универзитетот за туризам и менаџмент и Туркиш Ерлајнс ги презентираа целите на проектот, текот и активностите во несекојдневна и интересна атмосфера, на која медиумите, во текот на целиот настан, имаа можност преку видео мост да ја проследат подготовката на храната во кујната од страна на врвните готвачи од Турција и нивните колеги шефови на кујни од врвните македонски хотели и ресторани.
На медиа настанот се претстави делегацијата која во Македонија ја предводи г-дин Јалчин Манав се состои од дел од најнаградуваните турски готвачи: Ведат Башаран, Ејуп Кемал Севинч, Ердем Дирбали, Јавуз Хошкал, Кадир Јилмаз, Мурат Сали, Онур Арслан, Онур Карачај и Јатих Јарбаши. Покрај врвните готвачи сите главни шефови во престижни ресторани, дел од делегацијата се менаџери на хотелите Тујап Палас, Корин Хотел, Отоман Империал Хотел, Мерит Хотел и Казино во Фетие и рестораните Матбах, Хамди и Нар Локатаси. 
Во своето обраќање г-дин Јалчин Манав – Претседател на ТАШВЕД, се заблагодари за госопримството на целиот тим на проектот “Македонија – домаќин на елитатата на турската гастрономија и кулинарство”  и потенцира дека во Македонија доаѓа по втор пат и дека се надева дека во иднина зачестени ќе бидат взаемните посети.
Се радува дека делегцијата од Турција ќе посети повеќе града во Македонија а тој лично, се радува на повторната негово одење во Охрид, градот што го пленил при неговата претходно доаѓање.
Посебна благодарност на Туркиш Еарлајнс, УТМС и тимот на „Вкусот на традицијата“ изрази Претседателот на ТАШВЕД – Јалчин Манав кој во своето обраќање презентираше за работата на ТАШВЕД, како моќна Федерација основана во 2003 година во која членуваат 17 организации, а од 2008 година станува  една е од членките на ВАЦС  (WACS) – Светската Федерација на готвачи во која членуваат 105 национални федерации, претставници на своите држави, со вкупно 7000 членови.
Г-дин Јалчин Манав  ги охрабри и ги покани готвачите од Македонија наредната година да земат учество на 14 от по ред  натпревар за готвење во Турција.
Генералниот директор на Туркиш Ерлајнс,  г-дин Илкер Бајдар го препозна потенцијалот што проектот “Македонија – домаќин на елитатата на турската гастрономија и кулинарство“  го има и горд е што неговата компанија го помогна  востановувањето на оваа манифестација за која искрено се надева дека ќе стане традиционална.
Тој верува дека храната и вкусовите ги зближуваат народите за што најдобар показател се задоволните патници на Туркиш Ерлајнс кои со традиционалната турска кујна се запознаваат уште во авионите на неговата компанија која полага големо внимание на храната што се служи за време на нивните летови.
Во гостопримството на персоналот на Туркиш Ерлајнс се уверија и присутните во медиа центарот кога стујардеси на компанијата,доловувајќи ја атмосферата во авионите на компанијата ,  влегоа во салата и присутните ги почестија со турска бакалава, потврдувајќи го претходно изнесено тврдење за воодушевувањето на храната на нивните патници за која зборуваше генералниот директор.
Г-дин Бајдар исто така се наврати на почетоците на Туркиш Ерлајнс во Македонија кога во 1998  се воведе директната линија помеѓу Македонија и Турција со два лета неделно, за во 2015 година да  достигне бројка  од 14 лета неделно и 2 лета дневно.
Денес Туркиш Ерлајнс лета на вкупно  283 дестинации во 111  држави во светот.
 Деканот на Факултетот за туризам при  Универзитетот за туризам и менаџмент Доц. Д-р. Сашко Граматниковски,  не запозна со повеќегодишната соработка со  авторот на проектот Вкусот на традицијата – Адријана Алачки. Проектот е резулат на природен развој на редовната комуникација и досегашната соработка со ТАШВЕД, што датира од 2011та, со желба да се истражи традиционалоната и модерната турска кујна.
Денешниот  ден од посетата на делегацијата  е планиран во вид на соработка со дел од македонските најдобри готвачи кои заедно со главните шефовои од Турција ќе подготвуваат специјално мени за настанот Вечер на турска гастрономија кој ќе се одржи на 12ти ноември во хотелот Холидеј Инн од 19 часот.
За време на петдневното гостување на делегацијата од Турција, покрај посета на угостителски објекти во Скопје,  опфатена  е посета на хотели и ресторани во Битола, Охрид, Струга, Гостивар и  Куманово.
Должиме благодарност кон нашите домаќини во Холидеј Инн, Камник, Воденица, Белведере во Битола и Охрид, Ноа, Бисери Ристески  и Острово во Свети Наум –  Охрид, Дрим Струга, Албис во Гостивар, Етно село во Куманово .
Во реализација на активностите  се вклучени над 200 лица ширум Македонија, а ја имаме поддршката од ТАВ, ХАЛКБАНК, ЕУРОЛИНК, ПУЦКО ПЕТРОЛ, ХОТАМ, ТЕРМАЛИФТ, АЛБИС – ГОСТИВАР, ВИНСЕНТ ГРАФИКА, МАЈ ПРИНТ, ЕЗИМИТ ВИНО, ГРОЗД СТРУМИЦА, СУНА, САНГОЛД и други кои помогнаа да ги поставиме основите на овој извонредно комплексен проект.
Во рамки на посетата планирани се и средби и дискусии со ХОТАМ, како и туристички разгледи со професионални водичи на локалитети низ кои ќе се претстави македонската богата културна ризница.
Се надеваме дека овој проект ќе побуди голем интерес кај македонската и турската потесна и поширока јавност, бидејќи неговата популаризација ќе биде сериозен допринос за креирање поволна клима за идни достигнувања и оставрување на крајната цел – подигање на нивото на македонкото угоститеслтво и туризам.
Ова е прва година во која се псотавуваат темелите на проектот со тенденција да прерасне во традиција. Наредната година во ова време веќе ќе можеме да говориме за конкретни резултати.
Подолу презентираме дел од членовите на делегацијата
————————————–
Ведат Башаран – врвен турски готвач, истражувач на културата на исхрана од Истанбул, добро познат по неговите придонеси во кулинарски свет, преку неговите интерпретации на старите отомански готварски книги и повторното воведување на заборавени јадења од отоманската кулинарска култура. Неговите достигнувања за отомаско-турската кујна се појавија низ многу
медиуми за информирање на меѓународно ниво, вклучувајќи ги FoodArt, GQMagazine, NiceMatin, MagazineMerian, TheSaveur, LeVif, TravelandLeisure, TheFinancialTimes, TheTimes, NewYorkTimes, andTVchannelssuchasCNN, BBC, CBS, NHK. Г-дин Башаран има активно медиско присуство на различни турски ТВ канали, во списанија и весници. Редовен соработник е на списанието Skylifeна Туркиш ерлајнс.
Башаран организирал кетеринг за многу државнички вечери и бил домаќин на светски лидери како што се Џорџ Буш, Џорџ Буш помладиот, Бил Клинтон, Герхард Шредер, Франсоа Митеран, Кондолиза Рајс, Константин Караманлис, Тони Блер, Хелмут Кол, принцот Рение од Монако, кралот Абдула од Саудиска Арабија, Башар Есад, Романо Проди, Силвио Берлускони, претседателот на Катар шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, Хозе Луис Родригез Запатеро, кралицата Софија од Шпанија, Мишел Платини и сите турски премиери и претседатели од времето на Тургут Озал.
Исто така, бил домаќин на Гала вечерата на Самитот на НАТО во 2004 година, завршната вечера за финалето на Лигата на Шампионите на Олимпискиот стадион Ататурк во 2005 година и Гала вечерата за Самитот на шефовите на африканските држави.
Ејуп Кемал Севинч – Презентирајќи ја турската кујна надвор од границите, во различни држави
(Сингапур, Индонезија, Англија, Германија,Австрија, Италија, Шпанија, Франција, Египет, Романија, Канада, Република Чешка, Грција, САД и Русија) дава голем продонес на турскиот туризам. Шеф Ејуп во 2004 година од страна на невладиниот сектор е избран како “најуспешен млад претприемач“.
Во 2006 година ја издава првата книга за готвење “Бесконечно мени“, книгата за Гурол вината “Уникатни вкусови“ и во 2009 година ја издава книгата “Бесконечната турска кујна“ кои завземаат важно место на полиците по гастрономија. Шеф Ејуп учествувајќи во специјални гастрономски обуки покрај стекнувањето нови искуства ги пренесува своите искуства и идеи на помладата генерација.
Од 2001 година Ејуп Кемал Севинч води програми за кулинарство на националните телевизии.
ЕрдемДирбали – Во текот на 18 години работно искуство работи во ланецот на популарните
европски хотели како што се: Istanbul Ceylan Inter Continental, Parklane Hilton London, Churchill Inter Continental London Marriott, Sofitel St. James London, Ishtar Restaurant London, Lindsay House Restaurant London, Divan Hotels Group, Gold Hotels Group, Amanrüya, Spice Belek и шефувајќи во ресторани со Michelin ѕвезди во Турција и Европа станува често споменувано име. Ердем Дирбали го следи гастрономскиот свет, поради честите службени патувања одлично ги познава вкусовите на многу земји. Добитник е на многу поединечни и групни награди на меѓународните натпревари.
Како одличен главен готвач Дирбали учествува во многу проекти.
Како модератор на проектот “Подршка на децата со посебни потреби“ заедно со организацијата на готвачи наречена “Ангели со бели униформи“ формирал една голема кујна за децата со посебни потреби.
Ердем Дирбали воедно е капитен на националната репрезентација на готвачи на Турција и F&B директор на Хотел Тујап Палас.12.11.2015. Скопје. Денес во Холидеј Ин, се одржа несекојдневен медиа настан во организација на Туркиш Ерлајнс  на која пред голем број претст

Пронајдете не на следниве мрежи: